Бред Пит (62) и Инес (33) вљубени на свадбата на Тејлор Свифт – девојка му го подмлади, но не му се ризикува со уште еден брак
Неодамна, извор близок до парот сподели дека иако Бред и Инес се среќни, актерот не сакал уште еден брак.
„Инес е многу блиска со семејството на Бред. Ја обожаваат и ја прифатија уште од почетокот. Сега веќе ја сметаат како дел од нивното семејство.
Но, Бред не планира повторно да се венча, без разлика колку Инес се зближила со сите“.
Веројатно на Инес не ѝ пречело ова.
„Инес постојано е во контакт со семејството на Бред и тие сакаат да минуваат време со неа. Не ја гледаат само како негова девојка, туку како дел од семејството.
Таа има изградено добар однос со сите. Се дружи со братот и сестра на Бред, неговите внуки и внуци, оди на семејни собири и се труди сите да ги запознае добро“.
Бред не ни помислувал на брак поради бурниот развод со Анџелина Џоли кој беше финализиран дури во 2024 година.
Во разводот тој не само што го изгуби старателството над нивните деца, туку веќе нема ни контакт со нив, а досега дури пет од шесте деца се откажаа од неговото презиме.
Претходно, од 2000 до 2005-та, актерот беше во брак со Џенифер Анистон.
И Инес има еден развод зад себе – од 2019-та, до 2022-ра беше во брак со актерот Пол Весли.
Врската со Бред ја почна веднаш по разделбата.
Спирова С. | Црнобело