Џастин Балдони прозборе за драмата со Блејк, по 2 години молк: „Со лаги се преправаше дека се бори за жените“
- Детали
- четврток, 09 јули 2026
„Чувствуваме неправда и болка изминативе неколку години. Требаше да разбереме како можеше да се случи нешто такво, а покрај тоа прикриено како борба за жените“, велат Џастин Балдони и неговата сопруга во ново видео во кое првпат зборуваат за обвиненијата за сексуално вознемирување од страна на Блејк. Поради целата ситуација, Блејк ги изгуби сите и си ја уништи репутацијата.

По две години молк, Џастин Балдони се огласи за драмата со Блејк Лајвли во видео што го сними со неговата сопруга Емили.
Режисерот вели дека со лажните обвиненија, актерката им предизвикала многу болка и неправда.
„Одамна не сме го направиле ова. Немавме зборувано јавно изминативе две години не бидејќи немавме што да кажеме, бидејќи Бог знае дека имаме многу што сакаме да споделиме“, го почнува режисерот видеото.
Тој вели дека нема да зборува за сите детали од судската битка во ова видео, но навести дека наскоро ќе споделува уште информации.
„Се чувствуваме како секојпат кога сакавме да направиме вакво видео каде што сакавме да зборуваме, нешто ни кажуваше да не го правиме“.
Сепак, со сопругата велат дека сега чувствувале дека е вистинскиот момент.
„Има многу да кажеме, а ова го прави зборувањето тешко. Тешко е да сфатиме што е добро за нас во овој специфичен момент. И нема да кажеме сè.
Но, важно е дека искрено можеме да кажеме дека денес чувствуваме огромна благодарност за многу работи и многу луѓе и многу нешта што ни се случија. Благодарноста нè спаси“, вели парот.
Емили потоа вели дека овие две години се соочиле со вистинска неправда и болка и ја критикува Блејк дека лажните обвиненија против режисерот ги претставила како некаква борба за жените.
„Важно е да кажеме дека благодарноста не ги негира неправдата и болката што ги чувствуваме изминативе неколку години. Требаше да се справиме со многу работи и да разбереме како нешто вакво би можело да се случи.
Покрај сето тоа, прикриено како борба за жените. Вистината е дека имаше многу траума од која ние како семејство требаше да заздравиме. И ова го отежнува зборувањето.
Не знаеме ни дали ова е вистинското нешто што треба да го кажеме, но знаеме дека треба да споделиме нешто“.
Балдони вели дека за него биле кажани бројни лажни и болни работи, но бидејќи верувал во правдата, со сопругата решиле да молчат додека трае судењето.