Џастин Балдони прозборе за драмата со Блејк, по 2 години молк: „Со лаги се преправаше дека се бори за жените“
„Ова создаде многу врева и не сакавме да додаваме нешто плус…
Вистината и фактите зборуваат сами за себе“, вели парот.
Тие велат и дека постепено се чувствувале подобро.
„Закрепнуваме. Ако некогаш сте поминале низ нешто трауматично, знаете дека закрепнувањето не е линеарно. Секој ден изгледа различно.
И треба да размислиме што е реално и што е важно. А тоа се децата, нашето семејство, нашите пријатели, нашата заедница која беше овде за нас“, додава парот.
Режисерот изрази благодарност и за многуте фанови кои му покажаа поддршка, но вели дека „благодарам“ не е збор што за него е доволен.
На крај, двајцата велат дека имаат уште многу да споделат со светот, но дека сега ќе се фокусираат на тоа да закрепнат и да уживаат со нивните деца.
Блејк Лајвли одлучи да направи спогодба со Џастин наместо да одат на суд, а според некои ова е доказ дека знаела дека нема да го добие случајот.
Таа го обвинуваше Џастин за клевета, но и сексуално вознемирување – нешто што режисерот вели дека не е точно.
Тој ѝ врати со контратужба од 400 милиони долари, а на крај направија спогодба приватно.
Сепак и по спогодбата, Блејк бараше 8 милиони долари од Џастин со кои ќе ги покрие правните трошоци.
Барањето ѝ беше одбиено и за некои ова е само уште еден доказ дека режисерот можеби бил во право за целата ситуација.
Во целата сага, Блејк не само што си ја уништи репутацијата, туку ги изгуби и најблиските пријатели, како Тејлор Свифт која не ја покани ни на свадба.
Спирова С. | Црнобело