Гласини дека сопругот ја изневерил со нејзина обожавателка - Љубовната приказна на Бони Тајлер траеше 53 години
- Детали
- петок, 10 јули 2026
Пејачката Бони Тајлер, која испеа два огромни хита - Total Eclipse of the Heart и Holding Out for a Hero, почина на 75 години. Од нив, 53 беше во љубов со еден маж - сопругот Роберт Саливан.

Веста за смртта на пејачката Бони Тајлер не беше изненадување за јавноста, откако на крајот на март таа беше хоспитализирана во Португалија.
По неколкумесечно лекување, таа ја загуби битката со болеста, поради која беше ставена во индуцирана кома.

Жената со неверојатен глас, која пред неколку години пееше и на Евровизија, претставувајќи ја Велика Британија, целиот свој живот сакаше еден маж, сопругот Роберт Саливан, кој беше покрај неа до последниот ден.
За нивната љубов не се знаеше многу, иако пред неколку години се појавија гласини за негово неверство, но тие останаа заедно до самиот крај.

Што знаеме за љубовната приказна на Бони и Роберт?
Пејачката, чие вистинско име е Џенор Хопкинс, го запознала својот иден сопруг во 1970 година, во клуб во Велс каде што тој работел како менаџер.
Кога таа дошла да настапи во тој клуб, љубовта меѓу нив веднаш се разгорела.
Парот се венча по три години, на 4 јули 1973 година.

„Мислам дека тајната на нашиот успех е што се запознавме пред да станам успешна“м изјави таа во едно свое интервју за Times.
Парот нема деца, а според Бони, причината е што на повозрасни години решиле дека сакаат да станат родители.
„Немаме деца затоа што престанавме да преземаме мерки на претпазливост предоцна, а потоа имав спонтан абортус на 40 години. Не сум несреќна, ги сакам сите мои внуки и внуци. Нашата куќа во Мамблс е како станицата Падингтон, затоа што сите сакаат да дојдат и да ја посетат тетка Џенор“, рекла таа.

Роберт, пак е поранешен спортист. Тој се натпреваруваше на Олимписките игри во Минхен во 1972 година и ја претставуваше Велика Британија во џудо.
Откако се откажа од спортот, работеше како градежен изведувач.
Интересно е тоа што Роберт е во роднинска врска со актерката Кетрин Зита-Џонс, односно тој е братучед на нејзиниот татко.

Роберт и Бони долго време живееја на две локации, а имаа домови во приморското село Мамблс во Јужен Велс и Албуфеира во регионот Алгарве во Португалија.
Сепак, нивната љубов не беше без проблеми. Пред десет години голема обожавателка на Бони, Меган Перно, тврдеше дека таа имала афера со Роберт.
Според неа, врската траела 18 месеци, двојката се среќавала во хотели, а кога не биле заедно постојано си разменувале „сочни“ СМС-пораки.

Таа тврдеше и дека Роберт ја бакнал за првпат во 2014 година, и дека тогаш била збунета и не разбирала што се случува.
Меган тврдеше и дека сè ѝ открила на Бони, поради чувство на вина, но Роберт ги негирал нејзините тврдења, нарекувајќи ја „луда и злобна“.
„Ги изгубив неа и него. Никогаш повеќе нема да биде исто. Сè уште боли. Изгубив сè“, рекла Меган за Mirror.

Според пишувањата на британските медиуми, Бони била очајна кога слушнала гласини за аферата.
Но, тие успеаја да ги надминат сите проблеми, а Роберт беше покрај Бони во последните мигови на нејзиниот живот, на 9 јули 2026.

А. Ј. | Црнобело