Темниот Витез со најгледан викенд во историјата на филмот!

batman_small.jpgТемниот Витез (The Dark Knight), вториот дел од Бетмен сагата на режисерот и сценарист Кристофер Нолан ги покори благајните имајќи наголем викенд во историјата на кинематографијата со направени над 65 милиони долари првиот ден и со 157 милиони за целиот викенд.

The Dark Knight ги оправда очекувањата на најдобар можен начин со успех како кај публиката, така и кај критиката која веќе го споредува соbatman1.jpg легендарниот Кум 2, како најдобро продолжение на игран филм.

Batman Begins пред три години остави одличен впечаток меѓу фановите на мрачниот стрип херој, па затоа се очекуваше неговото продолжение The Dark Knight да оствари голем успех, меѓутоа овие бројки ги изненадиле дури и самите продуценти на филмот.

Интересно е да се каже дека имало толкава побарувачка за карта повеќе што филмот се прикажувал сите 24 часа, па дури биле распродадени и прикажувањата на филмот во 1, 3 : 30 и 6 часот наутро.

Главните јунаци ги играат Кристијан Бејл, кој ја репризира улогата на Бетмен, покојниот Хит Леџер маестрално го преставува главниот негативец Џокер и Арон Екхарт како државниот обвинител/негативец Харви “Две лица” Дент (2 Face).

За жал, иако во цел свет со нетрпение се очекува и се гледа овој филм, кај нас нема никакви најави за негова презентација.

 

batman3.jpg

Би можело да ве интересира:

Што знаеме за раскошната (и таинствена) свадба на Тејлор Свифт што ќе се одржи викендов? Иако Тејлор навистина се труди за јавноста да не дознае ништо за нејзината свадб...
Бекамови го прославија 21-иот роденден на најмалиот син Круз – Викторија главна на забавата, Бруклин... Викендов Бекамови направија прослава во луксузен ресторан по повод 21-иот роденд...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Калвин Харис е Адам, Маршмело е Кристофер - Кои се вистинските имиња на светските диџеи? Дејвид Гета е еден од ретките кои, всушност настапуваат под своето вистинско име...
Му помогнала да ја надмине траумата од силување: Љубовта на Метју Меконахи и сопругата трае речиси 2... Во своите мемоари, Метју Меконахи откри дека двапати бил жртва на сексуално наси...
„На 8 години ме тераа да пеам по барови пред пијани мажи“: Тешкиот пат до славата на Шанаја Твејн „Искрено, мајка ми е личноста што ме натера да се качам на сцена“, открива пејач...

Најчитани неделава