Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Откриени се сите детали за венчавката на Џорџ Клуни и Амал Аламудин

Прочуениот холивудски ерген Џорџ Клуни, навистина ќе застане на лудиот камен. Иако многумина се сомневаа дека познатиот актер конечно ќе се ожени, венчавката е веќе закажана во романтичната Венеција.

otkrieni-se-site-detali-za-vencavkata-na-george-clooney-i-amal-alamudin-01.jpg

Отмената венчавка ќе има околу 60 гости, помеѓу кои ќе бидат Мет Дејмон со неговата сопруга, Ранде Гербер и неговата сопруга, манекенката Синди Крафорд. Се уште се очекува одговор од штотуку венчаните Анџелина и Бред.

Џорџ и Амал на 26-ти септември ќе имаат свечена вечера за сите гости во хотелот Чипријани, каде едно ноќевање чини околу 1150 евра.

Утредента, гостите и младенците ќе се упатат кон луксузниот хотел Аман, каде во 11 часот ќе се изврши целата церемонија. Овој хотел има 7 ѕвезди и соби со прекрасен поглед кон градот.

Старосватица ќе биде помладата сестра на Амал, додека Ранде Гербер се очекува да биде кум.

На приемот ќе се служи италијанска и либанска храна, а на гостите ќе им пее Андреа Бочели.

Интересно е што венчањето ќе го плати семејството на Амал, а не еден од најбогатите холивудски актери.

За пиење ќе се служи текила Касамигос, бренд кој го основа Ранде Гербер заедно со Џорџ Клуни.

Неодамна се откри и информација за венчаницата на Амал. Таа ќе биде креирана од модната куќа Александар Меквин.

Би можело да ве интересира:

Живот живеат: Џорџ и Амал Клуни уживаат во Сен Тропе, фатени за рака и лудо вљубени (фото) Амал блеска покрај саканиот Џорџ, а тој не ја испушта од рака и гордо шета со не...
Бред Пит и Џорџ Клуни на вечера со саканите жени во Венеција – моќно пријателско дуо, без љубомората... Пријателското дуо Џорџ Клуни и Бред Пит се атракција во Венеција со секое нивно ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Се ожени Чак Бас од реалноста – Бајковита свадба на Ед Вествик и Ејми Џексон во Амалфи (фото) Си ја пронајде Блер од вистинскиот живот и направија свадба како од бајките во И...
Се ожени братот на Анџелина Џоли - сестра му ја бакнуваше во уста, саканата ја запроси на гробишта Парот поради кавга се разделил наредниот ден по венчавката и се смириле дури сег...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg