Ивановиќ несреќно заљубена?

Приказната за прераното заминување на првата тенисерка во светот досега е забележана како најголема љубовно-спортска трагедија. Ана Ивановиќ...

 

... се одлучи да го остави тенисот по испаѓањето од првото коло на US Open, а службено објаснување за овој шокантен потег за љубителите на белиот спорт е дека Ана сака да ја поправи својата нарушена самодоверба.

Но, секој кој последната година ја следеше кариерата на Ана, би мислел слично - играта на Ана завршува таму каде започнува љубовта.

Романсата започна летото во 2008 година, а фаталното момче беше моментално 10 - пласираниот тенисер во светот - шпанецот Фернандо Вердаско. Ана и 4 години постариот Фернандо се запознаа на минатогодишниот US Open. Љубовта наското стана преголема за да можат и двајцата да ја скријат пред објективите на папараците и нескротливите гладни таблоиди. Романсата траеше некое време, ја помина и фазата на запознавање со родителите, а во кариерата на Ана се случи првиот пораз.

ivanovik-nesrekno-zaljubena2

Таа започна да губи од тенисерки кои некогаш не може да и земат ни еден поен. За приказната да биде уште поневеројатна, и Вердаско почна да губи двобои кои не ги губел никогаш пред да ја запознае Ана.

Кулминативниот момент беше во почетокот на 2009 та година. Никој не може со сигурност да каже дали причината за конечното раскинување биле лошите изиграни натпревари или разлики во она што двајцата го сакаат.

Во главно, љубовта престана во време на првиот Grand Slam турнир во сезоната, Australian Open, а се понатаму за Ана беше само малтретирање. Таа губеше во првите и вторите кола од турнир во турнир, додека шпанецот полека се враќаше во форма. Тажната тенисерка ја заврши својата приказна со најавата за прекинување на кариерата, точно година дена од почетокот на романсата со Фернандо.

ivanovik-nesrekno-zaljubena1



Еден од најценетите тениски тренери на светот - Ник Болтиери смета дека Ана не смее премногу да одмара после лошиот и шокантен неуспех, иако таа после поразот од Катерина Бондаренко на US Open го најави своето заминување од тениските терени.

Искусниот американец во својата изјава за ESPN рекол дека, кога Ивановиќ би побарала мислење од него, тој добро би ја распрашал за нејзините планови и би барал да му каже се што и паѓа на памет, дури и дали смета дека таа има проблеми во љубовта.

"Кога би дошла кај мене за совет, јас би и рекол: Кажи ми се' што ти се мота во глава. Се! Дали и понатаму ја сакаш оваа игра? Дали ја имаш изгубено самодовербата? Дали си уплашена? Дали имаш лоша љубовна врска", изјавил оваа тениска легенда.

Дали Ник со овој коментар се соменва дека Ана Ивановиќ е разочарана од лоши љубовни врски, па тоа е вистинската причина за нејзините низа неуспешни порази, на јавноста уште не и е познато.

Би можело да ве интересира:

Бившата на Ејми Вајнхаус тајно продавала нејзини предмети – балетанки извалкани со крв, фустан од на... Блиската пријателка на Ејми Вајнхаус, за која се шпекулира дека ѝ била и девојка...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Бен Афлек и Џеј Ло како вљубен пар на премиера, една година по разводот: „Сака да го бакне“ На премиерата на нивниот нов филм, Бен Афлек и Џеј Ло позираа прегрнати и со шир...
Која е Албанката што го доведе телото на Ким Кардашијан до совршенство? Сенада Грека е личниот фитнес тренер на Ким Кардашијан. Родена е во Албанија, но...
Познатите близначки Кеслер починаа на ист ден, со асистирано самоубиство – Настапуваа со Френк Синат... Танчарките и пејачки Алис и Елен Кеслер починаа вчера (17.11), на 89-годишна воз...
„Продавав дрога на 14 години, халуцинирав и мислев дека мајка ми е ѓаволот“: Кара Делевињ за зависно... „Бидејќи немав пари, почнав да купувам дрога за да ја продавам. Но, кога купував...

Најчитани неделава