Познатите близначки Кеслер починаа на ист ден, со асистирано самоубиство – Настапуваа со Френк Синатра, го одбиле Елвис Присли

Танчарките и пејачки Алис и Елен Кеслер починаа вчера (17.11), на 89-годишна возраст со асистирано самоубиство. Близначките беа огромни ѕвезди во 1950-тите, настапуваа со некои од најпознатите музичари и редовно гостуваа во популарни емисии, пред да се пензионираат во родната Германија.

poznatite-bliznachki-kesler-pochinaa-na-ist-den-so-asistirano-samoubistvo-nastapuvaa-so-frenk-sinatra-go-odbile-elvis-prisli-01.jpg

Легендарните близначки Кеслер, кои беа познати танчарки и пејачки во САД и Европа во 1950-тите, починаа на 89-годишна возраст со асистирано самоубиство.

Како што пренесуваат германските медиуми, тие починале вчера (17.11) во нивниот дом во близина на Минхен.

poznatite-bliznachki-kesler-pochinaa-na-ist-den-so-asistirano-samoubistvo-nastapuvaa-so-frenk-sinatra-go-odbile-elvis-prisli-07.JPG

На врвот на кариерата, Алис и Елен Кеслер се појавува во многу емисии, а настапува со некои од најголемите музички ѕвезди, вклучувајќи го и Френк Синатра.

Според изворите, сега се одлучиле на драстичен чекор бидејќи повеќе не сакале да живеат и сакале заедно до го напуштат овој свет.

Во Германија асистираното самоубиство беше забрането во 2015 година, но во 2020-та, забраната беше тргната. Сепак, оние кои сакаат медицинска помош за да стават крај на својот живот, мораат сами да ја донесат одлуката.

poznatite-bliznachki-kesler-pochinaa-na-ist-den-so-asistirano-samoubistvo-nastapuvaa-so-frenk-sinatra-go-odbile-elvis-prisli-06.JPG

Уште минатата година близначките зборуваа за нивната смрт и споделија дека би сакале да бидат кремирани, а нивната пепел да биде ставена во иста урна, заедно со останките од мајка им и нивното куче.

Родени во Германија, Алис и Елен Кеслер ја почнале кариерата уште во детството кога играле балет.

Во 1952-ра, кога имале само 16 години, близначките почнале да настапуваат низ Европа.

poznatite-bliznachki-kesler-pochinaa-na-ist-den-so-asistirano-samoubistvo-nastapuvaa-so-frenk-sinatra-go-odbile-elvis-prisli-03.JPG

Брзо се прославиле и почнале да го привлекуваат вниманието и на американски изведувачи, па во својата кариера имаат настапувано со низа огромни ѕвезди.

Според гласините, Елвис Присли бил нивен огромен фан, па дури и ги молел да соработуваат, но тие го одбиле.

poznatite-bliznachki-kesler-pochinaa-na-ist-den-so-asistirano-samoubistvo-nastapuvaa-so-frenk-sinatra-go-odbile-elvis-prisli-05_copy.JPG

Кон крајот на 1950-тите, близначките се фокусираа на пеење, а во раните 1960-ти почнаа да се појавуваат и во познати американски емисии, што дополнително им ја зголеми популарноста.

poznatite-bliznachki-kesler-pochinaa-na-ist-den-so-asistirano-samoubistvo-nastapuvaa-so-frenk-sinatra-go-odbile-elvis-prisli-02.JPG

Во 1986 година, Алис и Елен се вратиле во Германија, каде заедно ги поминаа останатите 40 години од нивните животи.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит Леџер, Ејми Вајнхаус: Славни личности кои го загубија животот од предозирање Хит Леџер се предозира со лекови против болка, додека Мерилин Монро изврши самоу...
Од омилената водителка, до најомразена личност која се крие во Англија: Како Елен Деџенерис изгуби с... По тензичното интервју со Дакота Џонсон и обвиненијата дека е „шефица од пеколот...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Наоми Кемпбел (55) не старее - згодна во бикини, со тело како на 20-годишна девојка Доказ дека една од најпопуларните манекенки на сите времиња навистина изгледа од...

Најчитани неделава