Хит Леџер, Ејми Вајнхаус: Славни личности кои го загубија животот од предозирање
- Детали
- сабота, 10 јануари 2026
Хит Леџер се предозира со лекови против болка, додека Мерилин Монро изврши самоубиство предозирајќи се со седативи.

Зависност од дрога, лекови и алкохол е, за жал, мошне чест проблем.
А овој проблем можеби уште повеќе е истакнат кај славните личности, кои имаат пари што им овозможуваат да ја „хранат“ својата зависност.
Иронично, некогаш токму славата ги направила зависници.
Славни личности кои го загубија животот од предозирање:
Хит Леџер
Во периодот кога го достигна врвот, Хит Леџер трагично го изгуби животот од предозирање.
Тој почина во 2008-ма, на 28-годишна возраст, додека работеше на филмот The Dark Knight кој беше издаден постхумно.
Според изворите, актерот со години имал проблеми со зависност од супстанции, вклучително и лекови против болка.
Се шпекулираше дека неговата смрт била самоубиство, но како официјална причина е наведено ненамерно предозирање со лекови против болка.
Џим морисон
Џим Морисон, фронтменот на The Doors беше меѓу најпознатите музичари од својата генерација. Но, приватно се соочувал со алкохолизам.
Тој почина во 1971-ва, на 27-годишна возраст, во Париз.
Иако се дебатира за причината на неговата смрт, се верува дека имал инфаркт поради предозирање од хероин.
Џон Белуши
Џон Белуши беше на пат да стане огромна светска ѕвезда. Тој беше дел од оригиналната постава на Saturday Night Live и се истакна како одличен комичар.
Но, на само 33-годишна возраст, тој се предозира и почина во Хотел во Холивуд.
Џенис Џоплин
Музичката легенда Џенис Џоплин почина на 27-годишна возраст, исто како Џим Морисон.
По само три издадени албуми кои ја направија огромна музичка ѕвезда, зависност од хероин почна да го засенува успехот на Џенис.
По нејзината трагична смрт, беше издаден уште еден нејзин албум.
Крис Фарли
Уште еден комичар кој почна да се прославува благодарение на Saturday Night Live.
Крис Фарли ја имаше главната улога во низа култни комедии, но како и други ѕвезди на листава, и тој се бореше со зависност.
Актерот почина од предозирање со хероин, на само 33-годишна возраст.
Филип Сејмур Хофман
Оскаровецот Филип Сејмур Хофман имаше импресивна кариера и се вбројува меѓу најдобрите холивудски актери.
Но, актерот со години се бореше со зависност од хероин.
Тој се предозира додека работеше на франшизата The Hunger Games, 46-годишна возраст.
