Која е Албанката што го доведе телото на Ким Кардашијан до совршенство?
- Детали
- среда, 01 октомври 2025
Сенада Грека е личниот фитнес тренер на Ким Кардашијан. Родена е во Албанија, но во тинејџерските години се преселила во САД. На почетокот ѝ било тешко да се адаптира, била исмејувана како странец, но денес соработува со најголемите холивудски ѕвезди.

Неодамна Ким Кардашијан ја претстави новата колекција од нејзиниот бренд Skims, направена во соработка со Nike.
На настанот, ријалити ѕвездата се појави со проѕирен спортски комбинезон од новата колекција, во комбинација со штикли.
Како и многупати претходно, Ким покажа дека е во топ форма, а на настанот присуствуваше и жената која ѝ помогна да го доведе телото до совршенство.

Личната тренерка на Ким е Сенада Грека, која потекнува од Албанија, а на настанот гордо позираше со ријалити ѕвездата.
Во хеланки и маичка, Сенада го покажа мускулестото тело и некои коментираат дека изгледа и подобро од Ким.
Сенада самата сподели неколку фотки од настанот, со опис:
„Ми беше задоволство да тренирам со Ким изматите неколку години. Бев почестена да бидам дел од успешното лансирање на NikeSkims“.
Во коментари, многумина истакнуваат дека резултатите кај Ким се повеќе од очигледни и имаат само комплименти за Сенада.
Но, Ким не е единствената славна личност која тренира со неа – Сенада е вистинска фитнес ѕвезда во светот на славните.
Што знаеме за неа?
Потекнува од Албанија
Сенада е родена во Албанија, каде го поминала детството и дел од тинејџерските години. Со семејството се преселиле во САД кога имала околу 15 години.
Таа има и две сестри за кои се знае малку, но според некои извори, работат ако модели.
Сенада работела во бизнис секторот, пред да одлучи да се фокусира на фитнес индустријата.
Има свој метод за вежбање што го користат многу славни
Сенада успеала да се пробие во фитнес индустријата благодарение на нејзината фитнес програма позната како The Senada Method.
Таа има апликација за фитнес и личен развој со фокус на нејзиниот метод, а соработува и со многу славни како нивен личен тренер.
Вели дека самата тренира по методот што го создала, а истиот тренинг го следат и нејзините богати клиенти.
Воедно, на Инстаграм има над шест милиони следбеници со кои споделува совети и трикови за вежбање.