Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тие се славни и богати, а уште живеат со родителите

Понекогаш е тешко да се замисли дека постојат допирни точки помеѓу познатите и обичните луѓе, а уште помалку дека некои кои се толку богати живеат во заедница или со своите мајки.

tie-se-slavni-i-bogati-a-uste-ziveat-so-roditelite-01

Повеќето откако ќе стигнат до возраст од 20 години, доколку имаат доволно финансии сакаат да живеат самостојно и одделно со родителите.

Но, меѓу некои од славните и најбогатите има и такви кои покрај целото богатство и слава сè уште живеат со своите родители.

Рафаел Надал

Има 28 години и никогаш не криел колку многу ги сака своите родители. Живее со нив во Шпанија во куќа каде Рафа има свој посебен дел. Токму животот со родителите го прават сè уште да биде скромен и приземјен.

tie-se-slavni-i-bogati-a-uste-ziveat-so-roditelite-1



Бредли Купер

Пред 3 години Бредли го загуби неговиот татко Чарлс, а во многу интервјуа потоа спомнуваше дека тоа многу му го променило животот. Оттогаш Бредли живее со својата мајка Глорија.

tie-se-slavni-i-bogati-a-uste-ziveat-so-roditelite-2



Деми Ловато

Поранешната ѕвезда на Дизни во минатото имаше чести испади и несоодветно однесување, злоупотреба на дрога, претерана забава и нарушена исхрана. Денес е повторно на вистинскиот пат, благодарение на семејството. За својот 18-ти роденден, Деми наместо за себе, ѝ купила куќа како подарок на нејзината мајка, па кога не е на турнеја, таму одмора и заедно го поминуваат времето.

tie-se-slavni-i-bogati-a-uste-ziveat-so-roditelite-3



Тејлор Лаутнер

Се чини дека згодниот глумец и понатаму живее со родителите и не планира тоа наскоро да го промени со оглед на неодамнешните изјави дека семејството и пријателите му ја одржуваат рамнотежата и не му даваат да летне во облаци.

tie-se-slavni-i-bogati-a-uste-ziveat-so-roditelite-4



Аманда Бајнс

Со оглед на бурниот живот сличен на нејзината колешка Линдзи Лохан, многуте престапи, казни и болничкото лекување, од страна на судот ѝ е одредено да живее под родителски надзор.

tie-se-slavni-i-bogati-a-uste-ziveat-so-roditelite-5



Џенифер Лоренс

Заработува и по 26 милиони долари годишно, но и понатаму живее под ист покрив со родителите во Санта Моника, каде и пораснала. Куќата има 2 спални и три бањи, па веројатно на Џенифер и не и е потребен поголем луксуз.

tie-se-slavni-i-bogati-a-uste-ziveat-so-roditelite-6

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg