Рене Зелвегер за своето ново лице: Ми се допаѓа што луѓето забележаа промена!

Помина нешто повеќе од година откако Рене Зелвегер го откри своето „ново лице“ на црвениот тепих.

rene-zelveger-za-svoeto-novo-lice-mi-se-dopaga-sto-lugeto-zabelezaa-promena-01.jpg

Оттогаш, Рене го снимаше новиот Bridget Jones филм, присуствуваше на неколку настани и во неколку емисии откри како се чувствувала во периодот кога сите шпекулираа на што се должи нејзината промена.

„Какво добро ми донесе тоа што помалку знаев што сите зборуваат? Помалку страв. Тоа е сигурно,“ објаснува.

„Сè што знам е дека моите пријатели и соработници ми испраќаа многу мејлови со поддршка, што очигледно значи дека ми била потребна, и би сакала да знам само толку. Кога луѓето доаѓаат и ме прашуваат: Какво беше чувството? Не знам. Не знам и ми се допаѓа тоа што не знам.“

rene-zelveger-za-svoeto-novo-lice-mi-se-dopaga-sto-lugeto-zabelezaa-promena-2.jpg

Првата изјава на Рене по промената, за магазинот People гласеше дека сепак и се допаѓа тоа што луѓето забележале промена кај неа.

„Мило ми е што луѓето мислат дека изгледам различно. Сега живеам поразличен, среќен и поисполнет живот и драго ми е што тоа се гледа. Пријателите ми велат дека изгледам спокојно. Здрава сум. А, долго време не бев добра во тоа. Се водев според распоред на одредени рестрикции кои не ми дозволуваше да се грижам за себе. Наместо да се откажам од него, јас продолжив да правам лоши избори. За среќа станав свесна за хаосот и конечно одбрав поинакви работи.“

Како изгледа „новото лице“ на Рене без шминка погледнете тука.

Би можело да ве интересира:

Се разведуваат, но заедно го прославија роденденот на синот – Кјара Ферањи и сопругот објавија фотки... „Сме имале кризи во минатото, но оваа ни е најлошата досега“ – изјави неодамна и...
Класика и гламур: 16 парови кои издоминираа на Мет гала 2024 (фото) Познатиот режисер Таикa Ваитити се држеше во сенка на славната сопруга Рита Ора,...
Браво! Селена Гомез жестоко се расправа со својот телохранител затоа што ѝ ги буткал фановите (видео... На вирално видео се гледа како Селена Гомез жестоко се расправа со маж од обезбе...
Ја запознал на 17 години, ја запросил додека летале со балон: Љубовната приказна на Новак и Јелена Ѓ... „Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си ...
„О Боже, што!?“ – Викторија Бекам (49) бурно реагира на прашањето дали е возбудена да стане баба (ви... Целото интервју течеше смирено и лежерно, сѐ додека на Викторија не ѝ поставија ...
„10 години ме тепаше и ме снимаше додека имам секс со други мажи“: Бившата на Пи Диди со скандалозни... „Ми рече дека му се допаѓа кога ме гледа како имам секс со други мажи“ – тврди д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg