Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„О Боже, што!?“ – Викторија Бекам (49) бурно реагира на прашањето дали е возбудена да стане баба (видео)

Целото интервју течеше смирено и лежерно, сѐ додека на Викторија не ѝ поставија незгодно прашање. Модната дизајнерка веднаш почна да се преместува и да ја влече ролката, па ѝ стана жешко. Очигледно таа не е подготвена да гледа внучиња и не сака да ја викаат „бабо“.

o-bozhe-shto-viktorija-bekam-burno-reagira-na-prashanjeto-dali-e-vozbudena-da-stane-baba-video-01.jpg

Викторија Бекам (49) важи за секогаш одмерена личност која добро ги промислува своите одговори во интервјуата, но овој пат таа не можеше да ја скрие својата реакција на прашањето: „Дали си возбудена да станеш баба?“.

o-bozhe-shto-viktorija-bekam-burno-reagira-na-prashanjeto-dali-e-vozbudena-da-stane-baba-video-02.jpg

Поранешната членка на Spice Girls даде видео интервју за Vogue каде отворено зборуваше на повеќе теми: нејзината кариера во светот на модата, бракот со Дејвид, односот со синот Бруклин и снаата Никола, но за прашањето за внучињата беше неподготвена.

„О, Боже, што?!“ – извикна Викторија и веднаш почна да се преместува и да ја влече ролката од вратот, очигледно чувствувајќи се непријатно од прашањето.

o-bozhe-shto-viktorija-bekam-burno-reagira-na-prashanjeto-dali-e-vozbudena-da-stane-baba-video-04_copy.jpg

„Леле... Чекајте. Мислам дека такво нешто не се случува, освен ако вие знаете нешто што јас не го знам“ – рече Викторија видно збунета.

o-bozhe-shto-viktorija-bekam-burno-reagira-na-prashanjeto-dali-e-vozbudena-da-stane-baba-video-05.jpg

По ова, се созеде и раскажа една анегдота - последниот пат кога разговарала со главната уредничка на Vogue, Ана Винтур, ја прашала како ја викаат нејзините внучиња.

„И таа ми рече: ‘Ана’. По ова си помислив: ‘Па добро, тоа е многу елегантно, најверојатно и јас ќе применам такво нешто’“ – изјави Викторија.

o-bozhe-shto-viktorija-bekam-burno-reagira-na-prashanjeto-dali-e-vozbudena-da-stane-baba-video-03.jpg

Иако Викторија сѐ уште не е подготвена да стане баба, нејзиниот син Бруклин во август минатата година изјави дека сака да има 10 деца со неговата сопруга Никола.

o-bozhe-shto-viktorija-bekam-burno-reagira-na-prashanjeto-dali-e-vozbudena-da-stane-baba-video-06.jpg

Тој рече дека сака да стане млад татко и оти се надева дека наскоро ќе основаат семејство со неговата сопруга.

Погледнете ја смешната реакција на Викторија во видеото (на 07:09):

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg