Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 сериозно талентирани актери кои стекнаа слава дури по 40-тата година

Успехот не доаѓа преку ноќ - потребно е да имате трпение, храброст и што е најважно, да бидете упорни и никогаш да не се откажувате.

10-seriozno-talentirani-akteri-koi-steknaa-slava-duri-po-40-ta-godina-01.jpg

Додека некои актери се сомневаат дали воопшто да се трудат да градат кариера кога се повозрасни, некои воопшто не се двоумат и заради тоа добиваат интернационална слава.

10 талентирани актери кои станале славни по 40-тa годинa:

Морган Фриман (на 50 години)

На платното своето деби го направи на 34 години, потоа долго исчезна од сцената за на крај да биде номиниран за Оскар за филмот „Driving Miss Daisy“ на 50-годишна возраст.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-1.jpg

Томи Ли Џонс (на 47 години)

Покрај неговите таленти за спорт, Томи Ли Џонс, својот живот го посветил на театарот и киното. На 47 години доби Оскар за Најдобар актер во споредна улога за филмот „The Fugitive“.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-2.jpg

Мелиса Мекарти (на 41 година)

Мекарти својот најголем успех го доживеа за филмот „Bridesmaids“ во 2011-та година, беше номинирана за неколку награди и покажа дека не треба да се откажувате од градењето на кариера дури и на 40 години.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-3.jpg

Самјуел Л. Џексон (на 44 години)

Самјуел Л. Џексон се појавил во над 100 филмови пред да наполни 40 години, но својот успех го доживеа со филмот „Pulp Fiction“ за кој беше номиниран за Најдобар актер во споредна улога.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-4.jpg

Лесли Нилсен (на 54 години)

Лесли Нилсен стана светски познат актер на 54 години откако глумеше во комедијата „Airplane!“ по која доби репутација како добар комичар.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-5.jpg

Кети Бејтс (на 42 години)

Кети Бејтс стана светски позната откако ја освои наградата за Најдобра актерка на 42 години во филмот „Misery“.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-6.jpg

Пјер Ричард (на 42 години)

Својата популарност ја доби глумејќи како несмасен човек во комедии на 42 години.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-7.jpg

Стив Карел (на 43 години)

Неговиот талент за комедии се истакна откако ја доби главната улога во филмот „The 40-Year-Old Virgin“ кога имаше 43 години.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-8.jpg

Ким Катрал (на 41 година)

Ким стана позната по својата улога во ТВ серијата „Sex and the City“ иако и претходно се обидувала да гради успешна кариера како актерка.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-9.jpg

Жан Рено (на 46 години)

Му биле потребни години за да стане позната личност во филмската индустрија, но никогаш не се откажал. Стана познат откако започна да соработува со Лук Бесон за филмот „Subway“.

10-poznati-koi-stanaa-poznati-otkako-napolnija-40-godini-10.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ријана искрена за паѓањето на косата по бременоста: „Барем станав покреативна со моите фризури“ „Паѓањето на косата не беше во прирачникот за бременост. И, не очекував да се сл...
Моменти што го одбележаа доделувањето на Греми 2025 + најсмешните твитови за настанот Немаше ништо побизарно од голата Бјанка Сенсори на годинешното доделување на Гре...
Македонски и светски познати личности чија убавина е резултат на мешани националности Знаевте ли дека мајката на Ксенија Николова е Русинка, а татко ѝ Македонец? З...
Џеј Зи е најбогат - Кои 10 музичари се со најголема заработка во кариерата? Џон Кори Картер, најпознат како Џеј Зи, е најбогатиот музичар во светот, надмину...
Џастин Бибер пееше кај најбогатиот Индиец: Заработи 13,5 милиони долари, се сликаше во бела маица и ... „Крени си ги пантолоните, брат“ – се шегуваат следбениците на Џастин Бибер кој н...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg