Џеј Зи е најбогат - Кои 10 музичари се со најголема заработка во кариерата?

Џон Кори Картер, најпознат како Џеј Зи, е најбогатиот музичар во светот, надминувајќи ги другите за речиси една милијарда долари. Кои други славни музичари се наоѓаат на оваа листа?

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-01.jpg

Музиката е важен дел од секојдневниот живот, ни помага да го подобриме расположението и честопати нè смирува во тешките времиња. Некои од музичарите се навистина успешни поради нивната напорна работа, знаат како да ја привлечат публиката преку песните и да се поврзат со своите обожаватели.

Добрите песни носат распродадени концерти, договори со спонзори, а со тоа и повеќе финансии. 

Колку пари имаат музичарите кои, всушност, заработуваат најмногу?

Мадона

Седумкратната добитничка на Греми, во својата кариера е номинирана за 817 награди, а има освоено 430 награди.

Огромен дел од нејзиното богатство доаѓа од нејзините турнеи, а нејзиното богатство се проценува на околу 580 милиони долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-02.jpg

Боно Вокс

Пол Дејвид Хјусон, попознат како Боно Вокс, е пејач на ирската рок-група U2. Групата има добиено 22 Греми награди, а во текот на долгата кариера продале преку 170 милиони албуми и имале 28 турнеи.

Но, музиката не е единствениот извор на приходи за Боно, бидејќи неговата фирма Elevation Partners поседува 2,3% удел во Фејсбук.

Нето приходот на Боно се проценува на околу 730 милиони долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-03.jpg

Бијонсе

Во досегашната кариера Бијонсе е номинирана за 79 награди Греми, а има добиено 28 од нив. Таа е талентирана пејачка, а речиси сите нејзини песни се хитови.

Но, освен што пее, Бијонсе е сопственик на Parkwood Entertainment, а го поседува и Ivy Park, бренд за облека. Таа важи и за генијален бизнис менаџер.

Нејзиното богатство се проценува на околу 800 милиони долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-04_copy.jpg

Херб Алперт

Трубачот и пејач Херб Алперт, меѓу пошироката публика е најпознат по хитот This Guy’s in Love With You. Тој има добиено 9 Греми награди, а продаде 72 милиони албуми со неговата музика.

Нето вредноста на неговиот приход е проценета на околу 850 милиони долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-05.jpg

Џими Бафет

Џими Бафет почина во септември 2023 година, но тој и понатаму има бројни обожаватели, поради што неговото богатствоп расте. Американскиот пејач и текстописец во текот на животот издаде 30 албуми и продаде над 20 милиони албуми.

Со парите од музиката Бафет отворил синџир ресторани, а откако поставил солидна основа во угостителството, го проширил својот бизнис во различни хотели и казина. Бафет пишувал и популарни книги, што дополнително го зголемило неговото богатство.

Неговиот нето-приход, проценет во моментот на неговата смрт, изнесува околу 1 милијарда долари.

slavni-muzichari-koi-imaat-najgolemi-zarabotki-vo-svojata-kariera-06.jpg

Продолжува на следната страница ...



Би можело да ве интересира:

Бјанка Сенсори - гола, Ријана насмеана до бившиот што ја истепа: Најскандалозни моменти од историјат... Ланското појавување на Бјанка Сенсори е скандал на Греми наградите што уште долг...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Најубавите и највљубените парови кои издоминираа на Греми 2026 - бакнежи и заводливи погледи (фото) Лејди Гага имаше емотивен момент со сопругот по победата, а Хејли и Џастин Бибер...
Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерге... Во период од само неколку години, Џејкоб Елорди стана еден од најбараните холиву...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Џеј Ло прошета низ Сицилија во гламурозен аутфит со апостолки – го покажа згодното тело на 56 години... Џеј Ло покажа како успешно комбинира гламурозен Dolce&Gabbana комплет во сил...

Најчитани неделава