Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Љубовната приказна на Мишел и Барак Обама, низ фотографии

Јавното претставување на двојката започна со политичката кампања во 2007-ма година. Но, приказната на семејството Обама почнува речиси две децении порано, кога Мишел Робинсон добила задача да биде ментор на Барак Обама во адвокатската фирма „Sidley & Austin“ од Чикаго.

ljubovnata-prikazna-na-mishel-i-barak-obama-niz-fotografii-01.jpg

Сега, нивниот прв состанок на кино, за филмот „Do the Right Thing“ од 1989-та година, ќе имаме можност да го погледнеме во киносалите од 26-ти август, заради новиот холивудски биографски филм, „Southside With You“.

По 3 години врска, парот се венчал во 1992-ра година, а благодарение на тоа што е повеќе од една деценија во очите на јавноста, стотици фотографии ја доловуваат врската.

ljubovnata-prikazna-na-mishel-i-barak-obama-niz-fotografii-1_copy.jpg

Таа нежно ја мести неговата вратоврска... Тој ѝ ја позајмува својата јакна кога ѝ е студено... Се држат за раце и си се насмевнуваат...

Стотици фотографии сведочат за нивната голема љубов, а еве дел од нив:


Барак Обама, својата љубов кон Мишел ја искажа и на јавниот проштален говор:

„Мишел, изминативе 25 години, ти не си ми само сопруга и мајка на моите деца, туку и мој најдобар пријател. Презема улога која не ја бараше и ја прифати и одигра со грациозност, храброст, стил и во добро расположение. Од Белата куќа направи простор кој припаѓа на сите. А, новата генерација ќе треба да го подигне својот поглед високо, бидејќи ти границите ги постави високо како пример. Ме направи горд. Ја направи мојата земја горда.“

Погледнете го целиот говор посветен на Мишел:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Амбер Херд доби близнаци – гласини дека се биолошки деца на Илон Маск, како ќерка ѝ Уна Амбер Херд откри дека добила близнаци, но не е познато дали користела сурогат ма...
Купишта облека и ѓубре – Џин Хакман и сопругата живееле во хаос пред мистериозната смрт (фото) Лекови, книги, кеси со намирници и куп облека насекаде – полицијата од Санта Фе ...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Анџелина Џоли го „спасила“ кога бил осамен, ѝ го скршил срцето на Шер: Бурниот љубовен живот на Вал ... Како еден од најголемите холивудски заводници во 1980-тите и 1990-тите, не изнен...
Сите знаци што укажуваа дека Бен Афлек и Џеј Ло се пред развод – низ фотографии Фотките на кои Бен е мизерен, се расправа со сопругата, ѝ ја треска вратата од а...
Бившата свршеница на Лиам Пејн прозборе првпат по смртта: „Испраќаше мои голи фотки на други, дрогат... Лиам Пејн и поранешната свршеница Маја Хенри се разделија во 2022-ра, најмногу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg