Анџелина Џоли го „спасила“ кога бил осамен, ѝ го скршил срцето на Шер: Бурниот љубовен живот на Вал Килмер

Како еден од најголемите холивудски заводници во 1980-тите и 1990-тите, не изненадува фактот дека Вал Килмер освоил некои од најпознатите, но и најубавите жени во Холивуд, како Анџелина Џоли, Мишел Фајфер и Шер.

andzhelina-dzholi-go-spasila-koga-bil-osamen-go-skrshil-srceto-na-sher-burniot-ljuboven-zhivot-na-val-kilmer01.jpg

Иако Вал Килмер 20 години немал девојка и се чувствувал осамено до крајот на животот, во минатото актерот важеше за еден од најголемите холивудски заводници.

До 2000-тите, актерот беше поврзуван со дел од најпознатите, но и најубавите жени во Холивуд.

По дијагнозата со рак на грлото во 2015 година, актерот немал врска и последните години од животот ги помина сам.

Кои жени „паднаа“ на шармот на Вал Килмер?

Шер

Шер имала врски со бројни славни мажи, но во неодамнешно интервју призна дека Вал Килмер бил можеби единствениот кој ѝ го скршил срцето.

Во голема мера, нивната врска не успеала поради возрасната разлика – Шер имала 36, а Вал само 23 години кога почнаа да се гледаат.

Тие ја почнаа врската во 1982 година, во период кога Вал само што дипломирал од реномираната академија Џулијард.

Беа заедно две години, а потоа останаа блиски пријатели.

„Тој беше маж каков што немав сретнато. Возбудлив и забавен. И, беше многу убав“.

Кога актерот беше дијагностициран со рак, Шер била меѓу првите кои му помогнале.

„Штом Шер ќе си го најде своето место во вашето срце, никогаш не си заминува. За нејзините вистински пријатели, нејзината љубов и лојалност никогаш не умираат“, напиша актерот во неговите мемоари.

andzhelina-dzholi-go-spasila-koga-bil-osamen-go-skrshil-srceto-na-sher-burniot-ljuboven-zhivot-na-val-kilmer-02.JPG

Мишел Фајфер

Вал и Мишел се запознале во 1980-тите на филмски сет и брзо се спријателиле.

Актерот има изјавено дека секогаш се чувствувал удобно во друштво на Мишел и дека со неа можел да ги сподели своите најдлабоки тајни и проблеми.

Кога се запознале, Мишел била во брак, но на Вал му се доверувала за проблемите со сопругот.

Подоцна таа се разведе и се претпоставува дека се гледале со Вал во периодот по разводот.

Сепак, ни тој ни актерката немаат потврдено дека биле во врска.

andzhelina-dzholi-go-spasila-koga-bil-osamen-go-skrshil-srceto-na-sher-burniot-ljuboven-zhivot-na-val-kilmer-03.JPG

Елен Баркин

Во своите мемоари, Вал Килмер откри дека во 1980-тите неочекувано се вљубил во актерката Елен Баркин, која е шест години постара од него.

Тој пишуваше и за нивната кратка романса.

„Ја имаше најубавата насмевка. Се сеќавам на нејзината интелигенција, нејзините очи, но најмногу нејзината смеа…“

andzhelina-dzholi-go-spasila-koga-bil-osamen-go-skrshil-srceto-na-sher-burniot-ljuboven-zhivot-na-val-kilmer-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Си го киднапирала синот, првиот сопруг ја оставил без пари: Семејните драми на Шер се како од сапуни... Шер пробала да го киднапира помладиот син бидејќи стравувала за него поради него...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава