Анџелина Џоли го „спасила“ кога бил осамен, ѝ го скршил срцето на Шер: Бурниот љубовен живот на Вал Килмер

Џоан Вали

Џоан беше единствената жена со која Вал се венчал.

Се запознаа на сетот на филмот Willow, а се венчаа во 1988 година.

Добија две деца, но нивниот брак постојано беше прогонуван од гласини за неверство.

Иако си ветиле дека ќе бидат заедно засекогаш, почнале да се оддалечуваат кога требало да снимаат во различни градови.

Тој период Џоан не му дозволувала да ги гледа и децата.

Сепак, по разводот во 1995 година, актерот успеа да се зближи со нив.

andzhelina-dzholi-go-spasila-koga-bil-osamen-go-skrshil-srceto-na-sher-burniot-ljuboven-zhivot-na-val-kilmer-05.JPG

Синди Крафорд

По разводот од сопругата, Вал Килмер почна врска со Синди Крафорд која траеше околу две години.

И, наводно таа му помогнала да ја преболи сопругата.

Иако извесен период биле среќни, тогаш Синди беше на врвот на кариерата, па многуте работни обврски им создале проблеми со врската.

„Синди е прекрасна, паметна двојка со одлична смисла за хумор. Мислев дека ќе умрам од нејзината љубов, не бидејќи беше тешко, туку бидејќи ми беше премногу убаво.

Треба вистински да сте посветени ако сакате да бидите со жена која е фокусирана на својата работа како Синди Крафорд, која тогаш беше модел број еден во светот“, има изјавено актерот.

andzhelina-dzholi-go-spasila-koga-bil-osamen-go-skrshil-srceto-na-sher-burniot-ljuboven-zhivot-na-val-kilmer-06.JPG

Дерил Хана

Во мемоарите, Вал Килмер признава дека срцето му било скршено многупати, но најболна била разделбата со Дерил Хана.

Тие се гледаа краток период, околу 2001 и 2002 година.

„Знаев дека ќе ја сакам со целот мое срце, засекогаш… Уште ја сакав и кога конечно раскинавме, плачев секој ден, во период од половина година“.

andzhelina-dzholi-go-spasila-koga-bil-osamen-go-skrshil-srceto-na-sher-burniot-ljuboven-zhivot-na-val-kilmer-7.JPG

Анџелина Џоли

Вал и Џоли се запознале на сетот на филмот Alexander. Актерот има откриено дека едвај чекал да ја бакне и дека брзо се зближиле.

„Бев таму кога мајка ѝ на Анџелина ја губеше битката со ракот. Отседнуваа во истиот хотел како мене“.

Не е познато кога точно ја почнале врската, но се шпекулира дека е околу премиерата на филмот Alexander.

И, актерот има изјавено дека Џоли го ослободила од осаменоста.

„Бев спасен од самотијата од ангел – Анџелина. Кога луѓето ќе ме прашаат каква е Анџелина, секогаш велам дека е како секоја друга жена, но многу повеќе. Многу поубава, помудра, потрагична, поприземјена“.

Не е познато зошто раскинале, но кратко потоа Џоли го запозна Бред Пит, на снимањето на Mr & Mrs Smith.

andzhelina-dzholi-go-spasila-koga-bil-osamen-go-skrshil-srceto-na-sher-burniot-ljuboven-zhivot-na-val-kilmer-08_copy.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Си го киднапирала синот, првиот сопруг ја оставил без пари: Семејните драми на Шер се како од сапуни... Шер пробала да го киднапира помладиот син бидејќи стравувала за него поради него...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава