Си го киднапирала синот, првиот сопруг ја оставил без пари: Семејните драми на Шер се како од сапуница
- Детали
- недела, 30 ноември 2025
Шер пробала да го киднапира помладиот син бидејќи стравувала за него поради неговата зависност од дрога. За првиот сопруг, пак, вели дека не му биле доволно ни пет жени, па постојано ја изневерувал.

Со кариера која се протега повеќе од половина век, Шер е едно од најпрепознатливите лица во музичката индустрија.
Се отпишала од средно за да се фокусира на кариерата и, очигледно, го направила вистинскиот избор бидејќи денес и да не постои личност која не слушнала за Шер.
Но, паралелно со успесите на професионално поле, Шер се соочуваше со семејни драми од кои дел се како излезени од сапуница.
Во 1964 година таа се венча со Сони Боно, со кој го доби синот Чаз Боно. Но, се разделија по 11 години поради неверствата на Сони.
Потоа Шер се венча со Грег Алман, а со него го доби синот Илајџа Блу Алман.
Но, и овој брак заврши неславно, по четири години, најмногу поради проблемите со зависност на Грег. Во 2017 година, тој почина од рак на црниот дроб.
„Навистина е тешко да бидете во брак со некој кој користи дрога. Јас и дрогата никогаш не требало да бидеме заедно. Мислам дека користењето дрога е глупаво.
Сум видела многу луѓе чии животи биле уништени од дрога. И животот на Грег беше уништен од тоа“, сподели пејачката кратко по смртта на вториот сопруг.
Во продолжение детали за семејните драми на Шер:
Разводот со Сони Боно бил особено болен
Откако се разведоа, Шер отворено зборуваше за брачните проблеми што ги имале со Сони.
„Една жена, па и пет, не беа доволно за него. Сето ова го дознав отпосле. Го прашав како му успевало.
Јас му верував и му бев верна. Но, мислам дека воопшто не требаше да се венчаме“.
Разводот ѝ донел и финансиски проблеми на Шер, па се чувствувала како да почнува од нула.
„Мислев дека никогаш нема да излезам од таа дупка. Немав пари, а на Сони требаше да му платам 2 милиони долари. Ми требаш многу време.
Но, со напорна работа, успеав да закажам по две шоуа неделно во Лас Вегас. Моите менаџери заработуваа повеќе од мене!“
Сони почина во 1998-ма, на 62-годишна возраст, по скијачка несреќа.
