Бремената Криси Тајген го крие стомачето на состанокот со Џон Леџенд (фото)
- Детали
- среда, 29 ноември 2017
Во исчекување на нивното второ дете, вљубениот пар не заборава на романтиката.
Криси Тајген и Џон Леџенд изминатата седмица објавија дека го очекуваат своето второ дете. Моделот ги извести фановите и пријателите за среќната вест преку видео на Инстаграм, снимено со помош на Џон и нивната едногодишна ќерка Луна.
Вљубениот пар дефинитивно има причина за славење, па тоа го стори на ручек во италијански ресторан во Беверли Хилс.
Моделот (31) го сокри трудничкото стомаче со широко кусо црно фустанче и предимензионирана војничка јакна. Изгледот го надополни со кожени чизми и авијатичарски огледални очила за сонце.
Џон (38) пак се одлучи за кежуал изглед со кошула со точки и црни фармерки.
Убавата бринета на темата проширување за семејството во една пригода изјави: „Би сакала да бидам бремена до крајот на животот и да имам огромно семејство“.
За вљубените парови бракот не е причина за да не одат на романтични состаноци, а Криси и Џон дефинитивно се едни од нив:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





