Прекрасна сопруга и 4 дечиња – семејството на Сакис Рувас (фото)

Неверојатно талентиран со изглед од милион долари, Сакис повеќе од две децении е една од највлијателните познати личности во Грција.

prekrasna-sopruga-i-4-dechinja-semejstvoto-na-sakis-ruvas-foto-01.jpg

Се сеќавате ли на жешкиот евровизиски претставник на Грција во 2004 година, кој со песната „Shake It“ ја растресе сцената, но и своите акробации, извајано тело и беспрекорна насмевка?

Сакис Рувас денес има 46 години. Пејачот, модел, актер , атлет, бизнисмен е роден на грчкиот остров Крф, а музичката кариера ја започнал во 1991 година. Неговиот тенор вокал во комбинација со костимите и комплексните кореографии инстантно го лансирале во ѕвездите.

Тој е еден од малкуте грчки изведувачи чија музика е популарна ширум светот, а неговиот сингл „Shake It“ е најдобро продаваниот сингл во Грција. Зад себе има многу албуми, концерти и награди како на локално, така и на глобално ниво од типот на MTV Europe Music Award и World Music Award.

Многумина го прогласуваат за највлијателен грчки изведувач на деценијата, а магазинот Forbes во 2010 година го прогласи за третата највлијателна позната личност во Грција.

Од 2003 година тој е во врска со моделот со неколку актерски обиди Katia Zygouli и заедно имаат четири деца, две ќерки и два сина. Првата ќерка ја добија во 2008 година.

Таа се има појавено на насловните страници на најпознатите светски магазини како  Harper's Bazaar, Marie Claire и Vogue. Неколку пати досега е прогласувана за модел на годината во Грција и е дел од низа рекламни кампањи.

Запознајте го прекрасното семејство на неверојатно талентираниот Сакис:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јаков Јозиновиќ и уште 4 познати мажи кои се докажани кавалери (и 2 што не се воопшто) Колегата на Марко Роби пробува со раце да ја заштити од дождот, Јаков Јозиновиќ ...
Познати дами кои изгледаат подобро како што стареат (и сакаме да бидеме како нив) Парис Хилтон изгледа многу подобро отколку во минатото кога беше млада и несреде...
10 ѕвезди кои си го сменија личниот опис со јаболчниците на лицето (фото) Тркалезното лице на Бела Хадид сега е со истакнати и остри линии на јаболчниците...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја од... „Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само бе...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...

Најчитани неделава