Крај на љубовта: Џенифер Анистон и Џастин Теру се разведуваат

По две и пол години поминати во брак, а седум како љубовна двојка, парот соопшти дека се разделува на пријателски начин.

kraj-na-ljubovta-djenifer-aniston-i-djastin-teru-se-razveduvaat-1.png

Со заедничко соопштение испратено до медиумите, актерката Џенифер Анистон (49) и сопругот Џастин Теру (46) ги потврдија гласините дека се разведуваат.

Во нормални услови, ова ќе го задржевме за себе, но за да ги избегнеме сите понатамошни шпекулации и измислици, сакавме директно да ја изнесеме вистината.“, стои во дописот што го потпишува гласноговорникот на Aнистон. „Што друго и да биде објавено, не доаѓа од нас, туку е нечија фиктивна приказна."

kraj-na-ljubovta-djenifer-aniston-i-djastin-teru-se-razveduvaat-3.jpg

Џенифер и Џастин се забавуваа од 2011 година, а тајно се венчаа на 5 август 2015 година во Лос Анџелес. Одлуката за развод е обострана, а ја донеле сложно кон крајот на минатата година. Наспроти сѐ, сопружниците тврдат дека ќе останат во добри односи:

„Ние двајцата сме најдобри пријатели, па иако патиштата како двојка ни се раздвојуваат, имаме желба и понатаму да го негуваме нашето пријателство. А, пред сѐ, одлучни сме да ја одржиме длабоката почит и љубов што ја чувствуваме еден кон друг.“

kraj-na-ljubovta-djenifer-aniston-i-djastin-teru-se-razveduvaat-2.jpg

Објавата за развод пристигна само неколку дена по 49-тиот роденден на Џенифер, којшто парот го помина одвоено. Додека Анистон славеше со пријателките во Малибу, Теру беше забележан во Њујорк.

После разделбата од Бред Пит, со кого беше заедно од 2000 до 2005 година, ова е вториот брак на Џенифер Анистон што завршува со развод. Во меѓувреме, глумицата беше во љубовни врски со Винс Вон и Џон Мајер.

kraj-na-ljubovta-djenifer-aniston-i-djastin-teru-se-razveduvaat-4.jpg

Дали Џен ќе му се врати на Бред? Фановите веќе фантазираат за ваквото сценарио.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Анџелина Џоли сакала да се смири со Бред – ја одбил, па го отуѓила од децата за да му се одмазди Веројатно сите деца на Анџелина Џоли и Бред Пит ќе се откажат од презимето на ак...
Бред Пит се вика Вилијам – Познати личности за кои не знаете дека користат уметнички имиња Вин Дизел се вика Марк Синклер (одбрал име што звучи моќно додека работел во ноќ...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...

Најчитани неделава