Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хурем го освои Кан: Енрике ја бакна, Траволта ѝ приреди незаборавна ноќ (фото + видео)

Во друштво на светските ѕвезди, турската актерка доминира на црвениот тепих и забавите на француската ривиера. А, се чини дека на нејзиниот шарм не остана рамнодушен ниту латино заводникот Иглесијас.

hurem-go-osvoi-kan-enrike-ja-bakna-travolta-i-priredi-nezaboravna-nokj-foto-video-1.png

Публиката ја запозна како султанката Хурем во историската серија „Величествениот“. Последните години, таа блеска во улогата на самохрана мајка. Изминатата недела, пак, докажа дека може да им парира на најголемите имиња од светот на шоу бизнисот.

Мерјем Узерли (34) деновиве е главна атракција на филмскиот фестивал во Кан. Турската актерка со германско потекло е мета на фоторепортерите, но и славните гости на манифестацијата. Ги освои со убавината и свечените тоалети, а како инспирација за изгледот ѝ послужи ликот што ѝ ја обележа кариерата.

Таа смело чекореше на црвениот тепих во гламурозното француско гратче, рамо до рамо со манекенките Бела Хадид и Наоми Кемпбел. За оваа пригода одбра впечатлива розова креација со реси и циркони. Совршено ѝ ласкаше на фигурата, па Мерјем го украде сето внимание, мамејќи погледи и воздишки меѓу присутните.

Младата дама не ги одмина ниту настаните во склоп на фестивалот. Еден од нив беше модната забава со назив „Fashion For Relief“, каде се појави во ментол зелен фустан од чипка, со корсет и висок шлиц. Доби низа комплименти на сметка на сексапилот.

Судејќи по објавите кои секојдневно ги споделува на социјалната мрежа Инстаграм, може да се заклучи дека глумицата одлично се забавува во друштво на светските ѕвезди. Се најде во први редови на приватниот концерт од Енрике Иглесијас, а латино изведувачот ѝ подарил бакнеж за време на настапот.

На легендарниот Џон Траволта, пак, јавно му се заблагодари поради ноќта за паметење. Од познатите актери, во ист кадар со Узерли се најдоа оскаровецот Адриен Броди и Мадс Микелсен.

Хурем не мирува ни во слободното време, туку шета со пријателите и позира во поопуштени стилски изданија. После сите перипетии кои ги доживеа на емотивен план, сега изгледа навистина среќно и задоволно.

Дали е на повидок и нејзин пробив во Холивуд? Останува времето да покаже. Дотогаш, погледнете како нашата миленичка од малите екрани ги искористи своите пет минути пред и зад големото платно:

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg