Зошто Кејт Мидлтон и принцот Вилијам раскинаа пред да се венчаат?

Принцот Вилијам вели дека биле многу млади и им требало простор за да го пронајдат својот пат, но еден негов потег бил главната причина за разделбата.

zoshto-kejt-midlton-i-princot-vilijam-raskinaa-pred-da-se-zemat-01.jpg

Ако со вашиот партнер имате историја со разделби и смирувања не грижете се, тоа им се случува и на познатите. Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја прекинаа врската пред да се случи нивната раскошна свадба во април 2011 година.

Во 2007 година, 4 години откако започнаа да се состануваат, тие ја прекинаа врската и тргнаа по различни патишта. Во времето кога се случи тоа кралското семејство не сакаше да коментира, туку само изјави дека тоа е приватен живот на Вилијам.

zoshto-kejt-midlton-i-princot-vilijam-raskinaa-pred-da-se-zemat-02.jpg

Зошто се разделија?

Кон крајот на 2006 година семејството на Кејт го поканило Вилијам да ја прослави новогодишната ноќ со нив. Родителите на Кејт резервирале вила во едно снежно село во Шкотска. Вилијам се согласил да дојде, но потоа се премислил и не се појавил. Ова страшно ја изреволтирало Кејт.

Минувањето на празниците со кралицата е строго кралско правило, а бидејќи Кејт тогаш технички не била дел од семејството не ѝ било дозволено да присуствува.

zoshto-kejt-midlton-i-princot-vilijam-raskinaa-pred-da-se-zemat-06.jpg

По новогодишната ноќ Вилијам се посветил на своите воени обврски и парот не бил во можност да се гледа.

Додека за него осамнувале наслови од пијанки, вечерни излегувања, па и флерт со жени во Лондон, Кејт била под константен притисок и надзор од медиумите. Сите овие причини довеле до крај на нивната врска.

zoshto-kejt-midlton-i-princot-vilijam-raskinaa-pred-da-se-zemat-07.jpg

Во јуни 2010 година на една забава по повод завршувањето на воените тренинзи на Вилијам парот повторно се сретнал.

На одморот во октомври во Кенија истата година Вилијам ја запроси Кејт со свршеничкиот прстен од неговата почината мајка Дијана.

zoshto-kejt-midlton-i-princot-vilijam-raskinaa-pred-da-se-zemat-03.jpg

Како што знаете раскошната свадба се случи во април 2011 година, а нивното прво дете, синот Џорџ го добија во јули 2013. Останатото е историја.

zoshto-kejt-midlton-i-princot-vilijam-raskinaa-pred-da-se-zemat-04.jpg

Во едно интервју откако се смирија, на прашањето за разделбата Вилијам изјави:

„Двајцата бевме многу млади, се баравме себеси и имавме различни карактери. За да го пронајдеме сопствениот пат моравме да си дадеме простор додека растевме и тоа испадна одлично за нас. Гледате?“

zoshto-kejt-midlton-i-princot-vilijam-raskinaa-pred-da-se-zemat-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg