Дрога од 13 години, затвор, прерана смрт – трагедиите на децата на ѕвездите

Синот на Мајкл Даглас станал зависник од дрога уште на 13-годишна возраст, синот на Жерар Депардје страдал од алкохолизам и почина на 37 години.

droga-zatvor-prerana-smrt-tragediite-na-decata-na-dzvezdite-01.jpg

Судбината им дала можност да бидат успешни и познати, но некоја мрачна сила ги одвела нивните животи во поинаква насока.

Трагедиите на децата на ѕвездите:

Камерон Даглас

Синот на Мајкл Даглас, Камерон Даглас, станал зависник од дрога уште на 13-годишна возраст. Тој има глумено само во еден филм со неговите татко и дедо.

Во 2010 Камерон бил осуден на 5 години затвор за поседување и продажба на дрога, а една година подоцна доби уште 4.5 години за користење на дрога во затвор. Инаку, поради гласини дека Камерон прифатил да биде поткажувач на полицијата, другите затвореници не го сакале и еднаш бил претепан со скршеници по телото.

droga-zatvor-prerana-smrt-tragediite-na-decata-na-dzvezdite-03.jpg

Гијом Депардје

Најстариот син на актерот Жерар Депардје отсекогаш му создавал главоболки на татка си. Тој во некои аспекти водел живот сличен како неговиот татко. Страдал од алкохолизам и бил затворан повеќе пати.

Гијом бил и дијабетичар, но починал од вирус кој му предизвикал смртоносно воспаление на белите дробови во 2008 година на само 37-годишна возраст.

droga-zatvor-prerana-smrt-tragediite-na-decata-na-dzvezdite-05.jpg

Сејџ Сталоне

Најстариот син на актерот Силвестер Сталоне почина во 2012 година. Гласините беа дека починал од предозирање со дрога, но неговите блиски тврдеа дека смртта е предизвикана од срцев удар.

droga-zatvor-prerana-smrt-tragediite-na-decata-na-dzvezdite-02.jpg

Џет Траволта

Синот на актерите Џон Траволта и Кели Престон страдал од епилепсија и за време на еден напад во 2011 година удрил со главата во кадата во тоалетот и починал на 16-годишна возраст.

Инаку, Траволта откри дека на 2-годишна возраст Џет за малку ќе починел, но го спасиле докторите, кои му ја дијагностицирале сериозната автоимуна болест Кавасаки синдром. По смртта на синот, Траволта отворено говореше дека нема ништо поболно во животот од губењето на дете.

droga-zatvor-prerana-smrt-tragediite-na-decata-na-dzvezdite-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година „Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg