5 славни мајки кои ги штитат децата од папараците и 5 кои ги прават ѕвезди од мали
- Детали
- петок, 28 декември 2018
Иако се постојано мета на папараците и медиумите, сепак има различни типови на родители помеѓу славните и некои успеваат да го држат приватниот живот настрана.
Папараците понекогаш може да бидат безобѕирни, а многу од славните родители се обидуваат што повеќе да ги заштитат децата од непотребна слава и притисок.
Сепак, има и такви, како Ким Кардашијан, кои прават ѕвезди од децата уште од мали нозе и привлекуваат внимание од јавноста со нив.
Па така, некои деца на славните може да ги видиме само на ретки папарацо фотки, додека нивните родители ги напаѓаат фотографите.
Но, има и такви кои веќе ги гледаме на реклами, на модна писта и на многу Инстаграм фотки на родителите.
Кои славни мајки ги кријат децата од јавноста, а кои ги користат за поголема слава?
Натали Портман ја цени приватноста и одбива присутност на социјални мрежи
Мила Кунис ги штити децата од премногу медиумско внимание
Џулија Робертс преферира приватен семеен живот
Рис Витерспун не се справува добро со фотографите кога ѝ го напаѓаат приватното време со децата
Хилари Даф бара целосна приватност и е заштитнички настроена кон децата
Ким Кардашијан ги одгледува децата во центарот на вниманието на јавноста
Синди Крафорд нема проблем со тоа што децата ги следат нејзините стапки
Кејти Холмс и сопругот сметаат дека нивната ќерка е многу отворена и слатка и е најфотографирано дете во Холивуд
Бијонсе иако е заштитнички настроена кон близнаците, Блу Ајви ја прави мини модна икона и ја носи на сите настани
Крис Џенер е една од ретките мајки која сите деца си ги порасна во фокус на вниманието на јавноста
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





