Славни парови кои се венчаа пред десет години - колку од нив се уште заедно?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Prodavacka 20-05-2019
Возач 20-05-2019
Продавач 20-05-2019


Славни парови кои се венчаа пред десет години - колку од нив се уште заедно?

Дали браковите на познатите фаци може да го издржат тестот на времето? Дознаваме со ретроспектива на ѕвездените двојки кои си го кажаа судбоносното „да“ во 2009-та.

slavni-parovi-koi-se-venchaa-pred-deset-godini-kolku-od-niv-se-ushte-zaedno-1.png

Ова се славните парови кои се венчаа пред десет години:

Ана Фарис и Крис Прат

По две години во врска, актерската двојка одлучи да одлета на Бали, каде се венчаа непосредно по свадбата на нивни пријатели. Крис Прат и Ана Фарис застанаа пред олтарот на 09.07.2009. Три години подоцна станаа родители на син. Во брак издржаа осум години, разведувајќи се во 2017 година. Двајцата продолжија напред со љубовните животи, па моментално се среќни со други емотивни партнери.

slavni-parovi-koi-se-venchaa-pred-deset-godini-kolku-od-niv-se-ushte-zaedno-2.jpg

Брус Вилис и Ема Хеминг

Глумецот се заљубил во манекенката после само еден романтичен состанок. Брус Вилис набрзо ја запроси Ема Хеминг, а направија интимна свадба на островите Туркс и Кајкос. Датумот на венчавката беше 21.03.2009. Во бракот добија две ќерки. Првата е родена во 2012, а втората две години потоа. Уште се заедно и во план им е да ги обноват заветите во чест на десетгодишнината.

slavni-parovi-koi-se-venchaa-pred-deset-godini-kolku-od-niv-se-ushte-zaedno-3.jpg

Ченинг Татум и Џена Деван

Патиштата на глумецот и неговата избраничка им се вкрстиле во 2006 година, за време на снимањето на филмот „Step Up“. Се венчаа по три години во Калифорнија. Свадбата се одржа на 11.07.2009. Парот има една ќерка, која им се роди во 2013 година. Бракот на Ченинг Татум и Џена Деван траеше речиси девет години, пред обајцата да ја објават нивната разделба во 2018 година.

slavni-parovi-koi-se-venchaa-pred-deset-godini-kolku-od-niv-se-ushte-zaedno-4.jpg

Жизел Бундшен и Том Брејди

Манекенката и спортистот започнаа врска во 2006 година, а се земаа три години подоцна. Жизел Бундшен и Том Брејди го кажаа судбоносното „да“ на 26.02.2009. Родители се на две деца, а денеска се вљубени еден во друг подеднакво како и првиот ден.

slavni-parovi-koi-se-venchaa-pred-deset-godini-kolku-od-niv-se-ushte-zaedno-5.jpg

Клое Кардашијан и Ламар Одом

Старлетата и кошаркарот фамозно се сретнаа и венчаа само еден месец по запознавањето. Ѕвездената церемонија се одржа на 27.09.2009. Свадбата не помина без камерите на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“. Во 2013 година, Клое Кардашијан поднесе барање за развод, наведувајќи ги неверството на сопругот и користењето дрога како причини. Кога Ламар Одом заврши во болница поради предозирање во 2015 година, се појавија гласини дека постојат шанси за нивно помирување. Меѓутоа, на двајцата очигледно не им беше пишано да останат заедно, па и службено се разделија следната година.

slavni-parovi-koi-se-venchaa-pred-deset-godini-kolku-od-niv-se-ushte-zaedno-6.jpg

Уште 5 парови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Татко на 69 години: Ричард Гир доби син со 33 години помладата сопруга 69-годишниот Ричард Гир и 35-годишната Алехандра Силва го добија нивното прво за...
Храна која Меган Маркл не смее да ја јаде додека е бремена Во кралското семејство има многу правила кои членовите треба да ги следат, а Мег...
Бракови на познати личности на кои никој не се сеќава Многу познати личности зад себе имаат бракови од кои се срамат или за кои медиум...