Славни мажи кои ги љубат нивните сопруги уште од средно училиште

Да, возможно е. Иако долгогодишните и стабилни врски или бракови, ретко одат рака под рака со имињата на ѕвездите, сепак постојат исклучоци дури и во светот на познатите.

slavni-mazhi-koi-gi-ljubat-nivnite-soprugi-ushte-od-sredno-uchilishte-1.jpg

Меѓу популарните глумци, пејачи и спортисти, има и такви кои својата понежна половина ја запознале во средношколските денови. Љубовта на овие двојки пламнала во училишните клупи, а денес се во брак и се сакаат како во тинејџерските години.

slavni-mazhi-koi-gi-ljubat-nivnite-soprugi-ushte-od-sredno-uchilishte-2.jpg

Ова се славните мажи кои ги љубат нивните сопруги уште од средно училиште:

Боно Вокс и Алисон Стјуарт

Фронтменот на музичката група U2, својата идна сопруга ја запознал во периодот кога и двајцата посетувале исто училиште во Даблин. Се венчале на 21 август 1982 година.

Тогаш легендарниот Боно имал 22, додека Алисон 21 година. Нивната љубовна приказна сѐ уште трае, а родители се на четири деца.

slavni-mazhi-koi-gi-ljubat-nivnite-soprugi-ushte-od-sredno-uchilishte-3.png

Снуп Дог и Шанте Тејлор

Оваа двојка е доказ дека секоја врска има добри и лоши фази. И љубовта меѓу раперот Снуп Дог и сопругата Шанте Тејлор се родила во средно училиште. Тие стапија во брак во 1997 година, а седум години подоцна се разделија.

Меѓутоа, потоа одлучија да си дадат уште една шанса, па во 2008 година ги обновија заветите. Заедно имаат три деца.

slavni-mazhi-koi-gi-ljubat-nivnite-soprugi-ushte-od-sredno-uchilishte-4.png

Џон Бон Џови и Доротеа Харли

Двајцата се запознале во средно училиште, а се земале тајно во 1989 година. При застанувањето во Лос Анџелес за време на турнејата со неговиот бенд, Џон Бон Џови ја одвел саканата Доротеа во Лас Вегас, па се венчале во една од тамошните капели. Родители се на четири деца, една ќерка и три сина.

slavni-mazhi-koi-gi-ljubat-nivnite-soprugi-ushte-od-sredno-uchilishte-5.png

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg