Славни мажи кои ги љубат нивните сопруги уште од средно училиште
Леброн Џејмс и Савана Бринсон
НБА ѕвездата и неговата сопруга оделе во исто средно училиште во американската сојузна држава Охајо. Долгогодишната љубовна врска ја крунисаа со брак во 2013 година. Леброн Џејмс и Савана Бринсон станаа родители на три деца.
Рон Хауард и Шерил Али
Реномираниот режисер, кој меѓу другите признанија се закити и со наградата Оскар за режија на филмот „A Beautiful Mind“, сопругата исто така ја запознал во средно училиште.
Со тогашната девојка родителите му дозволувале да се гледа двапати неделно. Нивната љубов е крунисана со брак во 1975 година, кога Рон Хауард имал 21, а Шерил Али 22 години. Парот има четири деца.
Џеф Даниелс и Кетлин Треадо
Американскиот глумец, најпознат по улогата во комедијата „Dumb and Dumber“, неговата сопруга ја запознал во средното училиште во Мичиген.
Џеф Даниелс ѝ го кажал судбоносното „да“ на петок тринаесетти во 1979 година. Но, датумот очигледно се покажал како среќен. Со сопругата Кетлин Треадо се родители на три деца.
Ел Ел Кул Џеј и Симон Смит
И славниот пејач, глумец и водител ја сретнал идната сопруга дури обајцата биле тинејџери. Ел Ел Кул Џеј и Симон Смит се во брак од 1995 година.
Toj остана покрај неа во најтешките мигови, откако во 2004 година ѝ беше дијагностициран рак на коските. Заедно имаат четири деца.
М. А. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





