Најлудите теории за изневерувањето на Тристан и љубовниот триаголник со Клое и најдобрата другарка на Кајли

Дали семејството го измисли скандалот бидејќи Клое има ново момче, или пак, познатата „мамаџерка“ Крис Џенес, пуштила тајно уште една лажна информација во јавност за да го сврти фокусот кон семејството - не е познато. 

najludite-teorii-za-izneveruvanjeto-na-tristan-i-ljubovniot-triagolnik-so-kloe-i-najdobrata-drugarka-na-kajli-01.jpg

Накратко, по второто јавно неверство на Тристан Томпсон, со Џордин Вудс, која е другарка на Кајли Џенер, Клоe Кардашијан реши да се раздели од него засекогаш.

Љубовните животи на сестрите Кардашијан и Џенер привлекуваат внимание веќе 15 сезони, колку што трае реалното шоу, а се чини дека од драми во тоа семејство никогаш не е доста.

Сепак, фановите имаат неколку теории што всушност се крие зад последниот скандал во ова семејство:

Можеби неверството не се случило

Како што бременоста на Кајли се криеше до самиот крај, овојпат се случува сосема спротивното. Според повеќе уредници на таблоиди, можно е ова воопшто да не се случило, а да се користи само за медиумско внимание, што води до следната теорија.

Сето ова е план на Крис Џенер

Познатата „мамаџерка“ можеби сето ова го измислила, бидејќи во неколку наврати се покажало дека таа е блискиот извор на семејството кој ги открива скандалозните информации. А, малку повеќе публицитет пред почетокот на 16-тата сезона воопшто нема да им наштети.

najludite-teorii-za-toa-shto-se-sluchuva-vo-triagolnikot-dzhordin-kloi-i-tristan-02.jpg

Не е Џордин, туку некоја што личи на нејзе

Постојат и такви шпекулации кои велат дека всушност се работи за сосема друга девојка со сличен стил како оној на Џордин. Оваа теорија уште повеќе ја подгрева фактот дека Џордин се нема изјаснето околу скандалот и изгледа прилично мирна и тивка како за некоја која го предала семејството на најдобрата другарка.

Клое има нова љубов

За да може да се внесе новата љубов на Клое во приказната, мора да се избрише старата. Неколку фанови на социјалните мрежи споделија дека мислат дека Клое има нов дечко и дека всушност е во добри односи со таткото на нејзината ќерка, но дека мора да биде тргнат од целокупната слика.

najludite-teorii-za-izneveruvanjeto-na-tristan-i-ljubovniot-triagolnik-so-kloe-i-najdobrata-drugarka-na-kajli-02.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...
Била љубоморна и го „задушувала“, сакал да ѝ раскине: Детали за кризата во врската на Кајли Џенер и ... Иако сега се шпекулира дека можеби ќе се свршат, до неодамна, Кајли и Тимоти мин...
Клои Кардашијан немала односи над 3 години: „Мајка ми ме тера да правам голи фотки, за секој случај“ Клои вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...

Најчитани неделава