Талат - најдобар млад актер, Сашко Коцев - владетел на сцената: Како помина Златна Бубамара 2019? (фото)

Перо Антиќ доби Златна Бубамара за спортска легенда, Нокаут за група на годината, а Петар Грашо за најдобар регионален хит.

talat-najdobar-mlad-akter-sashko-kocev-vladetel-na-scenata-kako-pomina-zlatna-bubamara-2019-foto-01.jpg

На 21.02 се одржа 22-рото издание на манифестацијата Златна Бубамара на Популарноста. Шлагот од македонскиот јавен живот беше собран во салата Борис Трајковски.

Еуфорија, третирање на општествените проблеми низ призмата на хуморот и награди на најдобрите во изминатата година на чело со владетелот на сцената Сашко Коцев беше сервирано пред преполната сала.

Награда за спортски подвиг на годината доби младиот маратонец, 12-годишниот Марко Пејчиноски. Марко е новиот херој на охридското маратонско пливање, кој минатата година во екстремно неповолни услови, со силен ветер и бранови, го преплива Охридското Езеро, од Свети Наум до градското пристаниште.

Награда за најпопуларен фото-модел доби Вера Мештеровиќ, првата мис на Македонија, која се појавува на спотот за новата песна „Нешто ме гони“ на српската група „Галија“.

Бубамара за спортска легенда доби кошаркарот Перо Антиќ, и тоа легенда не само на изминатата година, туку на многу години наназад. Тој се простува од професионалното играње кошарка.

Златна Бубамара за најпопуларен регионален хит доби гостинот од Хрватска Петар Грашо за песната „Ако те питају“. Со оваа песна Грашо веќе ја освои и хрватската награда „Цесарица“ за хит на 2018.

Во фуриозно темпо, со поддршка на хорот на КУД „Танец“, со Дамир – бенд, со зурли и тапани и со Јан Стефановски, синот на Влатко на тапани, Влатко Стефановски ја изведе „Учи ме мајко, карај ме“, која заврши со громогласен и долготраен аплауз, од кој долго оддекнуваше ВИП-арената.

На сцената и годинава се појавија Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски -Тино од тимот на театарот „Комедија“, познати и признати и по вонтеатарски стенд-ап ангажмани, и доделија награди во четири категории.

ТВ-сатирична емисија на годината е Фчерашни Новости.

Млад актер на годината е Дритон Вејсели, кој го игра рецепционерот Талат во „Преспав“.

Атмосферата во салата, и онака добро загреана, експлодираше со настапот на блех-оркестарот на Џамбо Агушев. Каде е Џамбо, таму е и високоадреналинската забава. Поради тоа ненапишано правило, оркестарот Агушеви доби Златна Бубамара за најпопуларен блех-оркестар.

Златната Бубамара на популарноста за трајни музички вредности ја доби Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на една од најпознатите српски и југословенски рок-групи „Рибља чорба“. Оспоруван и обожаван, политички контроверзен и музички супериоререн, Бора Чорба е една од најголемите ѕвезди на екс-ју сцената и автор на некои од најубавите и најиронични песни во обемната ју-рок антологија.

Златната Бубамара за група на годината е доделена на Нокаут.

Амтосферата на Златна Бубамара 2019 низ фотки:

Фото и инфо: Фејсбук на Златна Бубамара

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Педро Паскал „уловен“ како се гушка со дечко, бивши на друг познат актер (фото) Осамнаа папарацо фотки како Педро Паскал разменува нежности во неделата со бивши...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не ...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава