Бракови на познати личности на кои никој не се сеќава

Многу познати личности зад себе имаат бракови од кои се срамат или за кои медиумите едноставно заборавиле. 

Brakovi na poznati licnosti na koi nikoj ne se sekava 01

Овие заљубени лица некогаш ги красеа насловните страни, а денес никој не се сеќава на нив.

Том Круз и Мими Роџерс

Мими Роџерс беше прва жена на Том Круз. Парот се венча во 1987 година, а официјално се разведоа во јануари 1990 година. Веднаш по разводот од Мими, Том Круз се ожени со Никол Кидман. Иако тој брак траеше подолго, и тој заврши со развод.

Brakovi na poznati licnosti na koi nikoj ne se sekava 02

Крис Хамфрис и Ким Кардашијан

Американскиот кошаркар Крис Хамфрис и најпознатата старлета Ким Кардашијан беа во брак само 72 дена. НБА ѕвездата и Ким се венчаа во мај, 2011 година. Нивниот развод траеше 536 дена. Во април 2013 година конечно се разведоа, додека Ким била бремена со Норт, чиј татко е Кание Вест.

Brakovi na poznati licnosti na koi nikoj ne se sekava 03

Синди Крафорд и Ричард Гир

Еден од најубавите модели, Синди Крафорд, и познатиот актер Ричард Гир се венчаа во 1991 година, а после само 4 години поднесоа документи за развод. Големата разлика во годините беше само една од причините зошто овој брак не успеа. На денот на нивната венчавка Синди имаше 25, а Ричард 42 години.

Brakovi na poznati licnosti na koi nikoj ne se sekava 04

Ева Лонгорија и Тони Паркер

Актерката Ева Лонгорија се запозна со Тони Паркер во 2004 година, а после три години решаваат да се венччаат.  3 години подоцна Ева побара развод поради непомирливи разлики. По разводот се шпекулираше дека кошаркарот бил неверен.

Brakovi na poznati licnosti na koi nikoj ne se sekava 05

Џорџ Клуни и Талиа Балсам

Џорџ Клуни го започна односот со актерката Талиа Балсам во доцните осумдесетти години. Беа заедно од 1989 до 1993 година.

Brakovi na poznati licnosti na koi nikoj ne se sekava 06

Бредли Купер и Џенифер Еспосито

Актерот Бредли Купер и Џенифер Еспосито се венчаа тајно кон крајот на 2006–та година. Само неколку месеци подоцна решаваат да се разведат.

Brakovi na poznati licnosti na koi nikoj ne se sekava 07

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg