Каде се денес супермоделите од 90-тите години?

Пред повеќе од една деценија светот на модата бил одбележан со врвните модели како Клаудија Шифер, Наоми Кемпбел, Линда Евангелиста и Карла Бруни, кои во 1990-тите години биле многу популарни. 

Kade se denes supermodelite od 90 tite godini 01

Истите биле дел од најпрестижните модни писти, а ниту денес не се помалку убави и барани. Каде се и што прават денес познатите супермодели од 90-тите години?

Клаудија Шифер

Нејзината неверојатна сличност со Брижит Бардо ги зачудувала сите модни дизајнери, а особено Карл Лагерфелд, кој ја направил Клаудија една од најважните музи на Шанел.

Денес, убавата 48-годишна Клаудија е мајка на три деца, продолжува да ги посетува настаните низ целиот свет и учествува во кампањи на разни модни куќи.

Kade se denes supermodelite od 90 tite godini 02

Карла Бруни

Карла Бруни е една од најпознатите легендарни музи на Џани Версаче. Прекрасната Италијанка зад себе има многу успешна модна кариера. Денес е во брак со Никола Саркози.

Kade se denes supermodelite od 90 tite godini 03

Наоми Кемпбел

Стотици писти, илјадници фотографии и име кое станало симбол на светската модна сцена. Така може да се опише кариерата на Наоми Кемпбел, која сè уште не е завршена.

Таа е една од ретките супермодели кои продолжуваат редовно да се појавуваат во списанија и во телевизиските емисии.

Kade se denes supermodelite od 90 tite godini 04

Кристи Тарлингтон

Музата на Келвин Клајн зад себе има 500 насловни страни, а и денес има активна кариера. Тарлингтон, и покрај тоа што има 49 години, сè уште има тело како повторно да има дваесет години.

Kade se denes supermodelite od 90 tite godini 05

Линда Евангелиста

Големиот Питер Линдберг на почетокот на нејзината кариера ѝ сугерирал да ја скрати должината на својата коса, така сè започна. Денес е мајка на еден син и продолжува да се грижи за својата кариера, но не е толку често на модните писти.

Kade se denes supermodelite od 90 tite godini 06

Синди Крафорд

Синди Крафорд била една од првите модели кои го започнале бранот на супермоделите во доцните 1980-ти. Нејзината љубовна приказна со Ричард Гир ги полнеше таблоидите.

Денес, на 52-годишна возраст, Крафорд е сè уште една од највлијателните личности во модниот свет. Таа е, исто така, и менаџер на нејзината 16-годишна ќерка, Каја Гербер, која исто така се занимава со модата.

Kade se denes supermodelite od 90 tite godini 07

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg