Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Закажуваат термин за повеќе време со мајка си: Како живеат децата на Џенифер Лопез?

6. Таа им помага да ја напишат домашната задача.

Иако многумина би претпоставиле дека им плаќа приватни ментори, како и дека училишните обврски за децата на една ѕвезда не се на листата со приоритети, мајка им ги демантираше таквите предрасуди со симпатична објава на социјалните мрежи.

Близнаците не само што ги пишуваат домашните задачи во недела попладне, туку латино дивата неретко и по трипати проверува дали одговорите им се точни, од првото до последното прашање.

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-8.jpg

7. Дивата сама ги вози наутро до училиште.

Не е лесно да се биде славна мајка. особено пред школска зграда полна со фанови од сите возрасти. Сепак, на пејачката ѝ е поважно нејзините деца да стигнат безбедно и сигурно на училиште.

Всушност, таа ужива сама да ги превезува наутро, затоа и нема ангажирано професионален шофер. На тој начин користи дополнително време за да биде со нив, како и близнаците да се зближат со наследниците на вереникот Алекс Родригез.

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-9.jpg

8. Пешачат каде и да и се наоѓаат.

На речиси секоја заедничка папарацо фотка, воочливо е дека Џенифер Лопез и децата се во движење. Таа е запознаена со придобивките од пешачењето, па каде и да ги води патот кога се со мама, близнаците Макс и Ема го изодуваат со двете нозе.

Од екстра физичка активност до шанса за повеќе квалитетно минато време во нивна придружба, пешачењето е уште една родителска пракса со која ѕвездата отскокнува од другите познати фаци. И тоа е за поздрав.

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-10.jpg

9. Близнаците не знаат каде им е вистинскиот дом.

Поради турнеите и концертите што нивната мајка ги одржува ширум светот, а на кои Макс и Ема редовно ја следат, тие всушност и не знаат каде им е вистинскиот дом. Постојано се селат од една на друга локација и во САД.

„Знам дека звучи по малку лудо. Јас и моите деца сме како номади. Патуваме насекаде заедно, обидувајќи некако да се прилагодиме на ваквиот начин на живот“.

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-11.jpg

10. Не смее да заборават на хуманоста.

Синот и ќерката на латино дивата летаат со приватни авиони, носат скапи дизајнерски парчиња, роденденски честитки им пристигнуваат од целиот свет и од мали се во центарот на вниманието. Меѓутоа, за нивната мајка е најважно тие да останат приземни.

Џенифер Лопез никогаш нема заборавено од каде потекнува, како и дека близнаците имаат далеку посреќно детсво во однос на нејзиното, ама и на илјадници останати деца. Затоа инсистира да не го загубат чувството на емпатија.

„Се трудам да бидам хумана, за да и тие бидат такви. Раснат попривилегирани одошто бев јас. Сакам да се љубезни и дарежливи. Сакам да се милосрдни.“

zakazhuvaat-temin-za-povekje-vreme-so-majka-si-kako-zhiveat-decata-na-djenifer-lopez-12.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg