Познати личности кои го изгубиле речиси целото свое богатство
- Детали
- вторник, 27 август 2019
Можеби нам ни изгледа како животот на познатите и богатите да е секогаш гламурозен, но тоа не значи дека и тие немаат финансиски проблеми.
Сигурно имате слушнато безброј приказни од познатите кои кажуваат како од нула успеале да постигнат многу, но понекогаш се случува и спротивното.
Во продолжение погледнете кои познати личности во еден момент изгубиле речиси сè што имаат:
Мајкл Џексон
Кога познатиот пејач почина во 2009-та година, се појавија гласни дека имал долг од неверојатни 400 милиони долари. Неговото трошење го терало да зема големи позајмици, од кои голем дел никогаш не вратил.
Сепак, неговите имоти и неговото име ги средиле финансиските проблеми, па од 2012-та година, тој е личноста што заработува најмногу постхумно.
Николас Кејџ
Можеби Николас беше еден од најплатените актери, но се покажа и како најголем трошач. Наводно, тој купувал многу домови, автомобили и ретки артефакти, па во 2015-та година успеал да го потроши целото богатство од 150 милиони долари. Ова го натерало актерот да продаде многу лични работи.
50 Cent
Познатиот рапер го стекна своето богатство од неговата бизнис империја. Но, во 2015-та година тој имаше долг од 32,5 милиони долари поради тужби и неплатена алиментација.
Следната година прогласи банкрот. Но во 2018-та година успеал да се врати на нозе благодарение на 700 биткоини со кои бил купен негов албум. Сепак, според раперот, тој никогаш не поседувал биткоини.
Марк Твен
Марк Твен отсекогаш сакал да биде богат, но неговиот сон не се остварил. После успехот на „Том Соер“, неговата издавачка куќа банкротирала. Финансискиот неуспех бил причина за неговата депресија, а во 1894-та година, тој прогласил банкрот.
Ким Бесинџер
Во 1989-та година, актерката му платила 20 милиони долари на градот Баселтон. Сакала да направи туристичка атракција како забавен парк, или филмско студио. Но, во 1993-та година прогласила банкрот и морала да го продаде имотот.
Синди Лупер
Пред да стане соло артист и да го издаде хитот Girl Just Wanna Have Fun, Синди беше дел од бендот Blue Angel. Првиот и единствен албум на групата бил неуспех, а за нештата да бидат полоши, менаџерот ги тужел. Ова ја довело Синди до банкрот.
Тони Брекстон
Во 2012-та година, пејачката отворено разговарала за нејзините финансиски проблеми. Наводно, во 1998-ма година, морала да прогласи банкрот поради лош договор со продуцентска куќа, но и поради нејзините навики за трошење.
Во 2008-ма година имала здравствени проблеми кои повторно направиле да изгуби сè.
Доналд Трамп
Американскиот претседател лично нема прогласено банкрот, но неговите компании имаат банкротирано дури шест пати. Првиот банкрот бил во 1991-ва година на казиното Таџ Махал во Атлантик Сити.
Потоа во 1992-ра банкротирале уште неколку негови казина и хотели, а истото се повторило и во 2004-та и 2009-та година.
Волт Дизни
Во 1921-ва година Волт Дизни прогласил банкрот. Причината била неговото неуспешно студио Laugh-O-Gram кое му донело само долгови. Во 1928-ма година нештата тргнале на подобро и тој го создал неговиот најпознат лик – Мики Маус.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





