Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ким Кардашијан и кои други ѕвезди имаат најмногу лажни следбеници на Instagram?

Речиси секој се восхитува на бројот на следбеници на профилите на познатите. Но, неретко забораваме дека многу од нив би направиле сè за да го зголемат овој број, па дури и купуваат следбеници.

rechisi-polovina-od-instagram-sledbenicite-na-kim-kardashijan-se-lazhni-01.jpg

Навистина постојат неколку агенции кои тврдат дека го зголемуваат бројот на следбеници на социјалните мрежи за одредена сума пари. Изгледа дека познатите се добро запознати со ова.

Според еден неодамнешен извештај, профилите на социјалните мрежи на Ким Кардашијан, Тејлор Свифт, Аријана Гранде и Елен Деџенерис имаат голем број лажни следбеници на Twitter и Instagram.

Едно ново истражување од страна на ICMP (Internet Control Message Protocol) ги обработило профилите на 99 познати личности од спортот и забавната индустрија и одредило кои од нив имаат најмногу лажни следбеници.

Се открило дека најмногу лажни следбеници има Елен Деџенерис, односно 58% од нејзините 75,6 милион следбеници на Instagram се лажни. На второто место се нашол корејскиот бенд BTS со 48% лажни следбеници, а веднаш зад нив е Ким Кардашијан со 49% од 80,7 милиони следбеници.

Следни на листата биле Тејлор Свифт со 49% и Аријана Гранде со 46%. Помеѓу останатите славни личности се истакнале и Мајли Сајрус со 45%, Кевин Харт со 44% и Дрејк со 38%.

Кога ќе се земе предвид колку познатите заработуваат од една објава на Instagram, не е ни чудно зошто купувањето следбеници станува тренд. Но сепак, овој извештај го поставува прашањето колку далеку би отишле луѓето за внимание и популарност.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан се појави на суд со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари - се соочи со кра... Ким Кардашијан се појави со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари и из...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Се прослави со Нетфликс серија, беше жртва на онлајн булинг: Која е корејската актерка која изврши с... Ким Сае-рон од Јужна Кореја важеше за надежна актерка и на само 24 години веќе с...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg