Двете изјави со кои Меган и Хари ги навредија Кејт и Вилијам
- Детали
- среда, 14 август 2019
Кралицата ужива летниот период да го минува во нејзиниот замок во Шкотска заедно со најблиските, но зошто Кејт и Вилијам овојпат го одложуваат одењето?
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја одложуваат нивната посета на кралицата во замокот Балморал за да избегнат средба со Меган Маркл и принцот Хари.
Иако, на јавните настани при заедничките појавувања тие изгледаат во ред, кралските експерти тврдат дека помеѓу нив има тензија.
Тензијата особено е зголемена периодов откако со две изјави Меган и Хари ги навредија Кејт и Вилијам.
Првата е кога Меган изјави дека не би било вкусно таа да се појави на насловната на Vogue, па на поканата одговори така што место нејзиниот лик ги стави ликовите на жените од светот што ја инспирираат.
Aко се појавела таа ќе било „фалбаџиски“, а Кејт веќе има позирано за насловната на Vogue.
Втората изјава од која се засегнати Кејт и Вилијам е кога Хари кажа дека би имал само две деца затоа што сака да ја зачува околината. Кејт и Вилијам имаат 3 деца, а размислуваат и за повеќе.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





