Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати убавици кои во младоста биле „грди пајчиња“

Денес речиси секоја девојка и жена сонува да изгледа како некоја од дамите во продолжение. Но, ниту овие жени не изгледале отсекогаш вака. Кога биле мали можеби не биле најубавите девојчиња во класот, но денес дефинитивно сите сакаат да ги украдат нивните трикови за убавина.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-01.jpg

Па, погледнете како изгледале некои од најубавите жени во Холивуд во нивното детство:

Марго Роби

Кој би рекол дека актерката во младоста била бринета со очила и протези? Со текот на времето изгледот на Марго се менувал и денес таа е прекрасна жена со неверојатен талент.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-02.jpg

Ен Хатавеј

Секој се сеќава на трансформацијата на Ен во „The Princess Diaries“. Интересно е што таа доживеала слична трансформација и во приватниот живот.

Покрај неверојатниот изглед, актерката може да се пофали и со неколку престижни награди како Еми, Златен глобус и Оскар.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-03.jpg

Дакота Џонсон

Дакота најмногу ни е позната по ликот на Анастасија Стил од 50 Shades of Grey. Во нејзините тинејџерски години Дакота била непрепознатлива, но требало само време за да ја видиме нејзината вистинска убавина.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-04.jpg

Кејт Хадсон

Кејт сакала да стане актерка уште од нејзиното детство. Со текот на времето таа станувала сè поубава, а нејзиниот сон станал реалност.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-05.jpg

Дру Баримор

Дру Баримор заплива во актерските води уште на 6-годишна возраст, а речиси е невозможно да се предвиде иднината на децата актери. Сепак, некои од нив ги надминуваат тешкотиите на пубертетот и одново стануваат ѕвезди - исто како и Дру.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-06.jpg

Минди Калинг

Минди е американска актерка со индиско потекло. Првата улога ја добила во 2004-та година, а оттогаш се појавува во филмови, пишува сценарија и работи како режисер и продуцент.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-07.jpg

Кејти Холмс

Прекрасната Кејти не изгледала вака отсекогаш. Но денес, на 40-годишна возраст, таа продолжува да ги восхитува сите со нејзиниот изглед.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-08.jpg

Винона Рајдер

Доколку погледнете стара фотографија од Винона, можете да помислите дека е момче. Но со текот на времето, актерката се претворила во прекрасна жена.

Таа има добиено две номинации за Оскар, а голем број критичари сметаат дека таа е една од најуспешните актерски од 90-тите.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-09.jpg

Адел

Адел, благодарение на нејзиниот глас, се најде во Гинисовата книга за рекорди неколку пати. Во младоста актерката била навистина загрижена за изгледот на нејзиното тело, но денес сето ова е зад неа.

Сега Адел е полна со самодоверба и многу пати има изјавено дека повеќе сака да остане дома со добро вино и храна, наместо да оди во теретана.

poznati-ubavici-koi-vo-mladosta-bile-grdi-pajchinja-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg