„Најгрдите“ холивудски разводи што предизвикаа најмногу врева

Разводот е навистина тежок период, но кога на тоа ќе додадете скандали и битка за старателство, нештата стануваат уште покомплицирани.

najgrdite-holivudski-razvodi-01.jpg

Некои познати, помеѓу кои Бред Пит, Бритни Спирс и Мадона, го искусиле ова од прва рака.

Разводите во Холивуд се можеби честа појава, но следниве сигурно се истакнуваат над сите...

Том Круз и Кејти Холмс

Парот кој се разведе во 2012-та година не можеше да се согласи за тоа дали да ја одгледуваат нивната ќерка Сури според правилата на скиентологијата.

Кејти била одгледана како католик, но ја смени религијата откако се венча со Том, во 2005-та година.

Наводно, Кејти сакала да одлучува како ќе ја одгледуваат Сури и не сакала целото нејзино образование да се фокусира на скиентологијата.

najgrdite-holivudski-razvodi-02.jpg

Анџелина Џоли и Бред Пит

После две години брак, Бред и Анџелина се разведија во 2016-та година.

Бред се соочи со обвинувања за малтретирање на децата, но за среќа, ова се реши.

Парот водеше долга битка за старателството над нивните шест деца, и конечно најдоа заедничко решение во ноември 2018-та.

najgrdite-holivudski-razvodi-03.jpg

Џенет Џексон и Висам Ал Мана

Пејачката и бизнисменот се венчаа во 2012-та година, а започнаа постапка за развод во април 2017-та.

Џенет и Висам имаат и син – Еиса Ал Мана.

Наводно, Џенет била загрижена поради тоа што сопругот користел алкохол и дрога пред нивниот син, па се бореше за целосно старателство над него.

najgrdite-holivudski-razvodi-04.jpg

Џони Деп и Амбер Херд

Во јуни 2016-та година, Џони и Амбер беа сред судски спор.

После 15 месеци брак, Амбер поднела барање за развод и го обвини Џони за физичко малтретирање, па дури и побара забрана за приближување.

Џони и неговиот адвокат ги одбиваа обвинувањата на Амбер.

najgrdite-holivudski-razvodi-05.jpg

Гвен Стефани и Гавин Росдејл

Гвен побарала развод во 2015-та година, наводно бидејќи Гавин со години ја изневерувал со дадилката на нивните деца.

Парот беше заедно 13 години, а официјално се раздели во 2016-та година. Имаат заедничко старателство над нивните три деца.

najgrdite-holivudski-razvodi-06.jpg

Мараја Кери и Ник Кенон

Ник побарал развод во 2014-та година, откако изјави дека живееле во одделни куќи веќе неколку месеци.

И двајцата имаат изјавено дека се разделиле бидејќи нивната врска повеќе не созревала.

Парот беше во брак 6 години, а денес често прославуваат родендени и празници заедно, со нивните близнаци.

najgrdite-holivudski-razvodi-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
„Пак би имала секс со Бред Пит, го откачив Леонардо ди Каприо“ – Гвинет Палтроу раскажа за поранешни... „Со Бред имавме неверојатна хемија во сексот, а Бен беше техники одличен во крев...
Го посвои на само 7 месеци, за да го заштити се разведе од Бред Пит – Анџелина Џоли гордо позира со ... Анџелина во една прилика рече дека кога го видела како 3-месечно бебе не можела ...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg