Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати личности кои мразат што се славни

Изгледа дека не сите сонуваат да бидат славни, вклучувајќи ги и оние кои се веќе познати ширум целиот свет.

poznati-lichnosti-koi-ja-mrazat-svojata-slava-01.jpg

Колку и да ви звучи неверојатно, постојат славни личности кои воопшто не ја сакаат својата популарност.

Сепак, кога ќе земете предвид дека немаат приватност и постојано се мета на другите, можеби и ќе ги разберете.

Погледнете ги славните личности кои ја мрзат својата популарност и не се срамат да го кажат тоа.

Кристен Стјуарт

Ѕвездата од Twilight, одвреме-навреме споделува дека не ја сака славата.

„Славата е најлошото нешто во светот. Особено ако е бесцелна. Кога луѓето велат ’Сакам да бидам славен‘, зошто? Не си направил ништо“, изјави таа во 2015-та година.

Исто така, актерката додала дека интервјуата, црвениот тепих и сите настани на кои се очекува да присуствува ѝ ја земале целата енергија. Воопшто не сакала што постојано била анализирана.

poznati-lichnosti-koi-ja-mrazat-svojata-slava-02.jpg

Шaја Лабаф

Во 2014-та година, актерот изјави дека повеќе не е познат, носејќи хартиена кеса врз неговата глава. Ова јасно кажува каков e неговиот став за славата.

После обвиненијата дека го копира Даниел Клоус, Шaја најави дека ќе се повлекува од јавниот живот.

poznati-lichnosti-koi-ja-mrazat-svojata-slava-03.jpg

Џони Деп

Џони Деп толку многу ја мрзи славата, што еднаш ја спореди со животот на криминалец во бегство.

Во 2014-та година, актерот изјави дека поради славата, за сè треба да има некаква стратегија – за влегување во хотел, за излегување од хотел, за влегување во ресторан…

poznati-lichnosti-koi-ja-mrazat-svojata-slava-04.jpg

Шејлин Вудли

Шејлин има изјавено дека навистина го мрази зборот „познат“ или „славен“. Актерката ги споредила зборовите со вулгарности, па очигледно е колку ја мрази славата.

poznati-lichnosti-koi-ja-mrazat-svojata-slava-05.jpg

Џенифер Лоренс

Во 2016-та година, Џенифер зборуваше за тоа како се прослави преку ноќ. Актерката не била голем фан на славата, но и не сакала да се жали премногу. Еднаш изјавила дека би било добро познатите да можат да ја избегнат славата на некој период.

poznati-lichnosti-koi-ja-mrazat-svojata-slava-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg