Роден во бизарен секс култ, живот со стаорци, гледал како брат му умира пред него – патот на „Џокерот“ Хоакин Феникс од беда до слава

Многумина сметаат дека Хоакин Феникс со сигурност ќе го освои Оскарот за главна машка улога во 2020 година. Тој е повторно во центарот на вниманието, живеејќи ги своите ѕвездени моменти откако ја одглуми улогата на неговиот живот – Џокерот.

Patot-na-Zoakin-Feniks-01.jpg

Во филмот работен според стрип кој го раскажува создавањето на најголемиот непријател на Бетмен, 44-годишниот Феникс го портретира Артур Флек, односно Џокер.

Но, животот на актерот не бил нималку розов. Тој живеел сиромашно и бедно и воедно бил сведок на смртта на неговиот брат Ривер во 1993 година.

Нивните родители биле хипици вплеткани во бизарен секс култ „Божјите деца“ (Children of God). Наводно, во тој временски период тие не биле свесни колку култот ќе биде опасен и ќе им наштети на нивните деца.

Patot-na-Zoakin-Feniks (6).jpg

Имено, децата биле поттикнувани да се впуштаат во сексуални односи од најрана возраст, односно да се стимулираат едни со други, но и со постари лица. Неговиот брат Ривер изјавил дека ја изгубил својата невиност на 4-годишна возраст со други деца.

Семејството одреден период живеело во Сан Хуан, Порторико, каде што децата буквално проселе на улица. Живееле и во Венецуела во неверојатна сиромаштија, пренесувајќи ја пораката на култот. Според кажувањата, тие живееле во валкани простории со стаорци, во коишто немало тоалет.

Откако се родил Хоакин, семејството конечно го напуштило култот и пребегнале во САД, менувајќи го презимето од Bottom (Дно) во Феникс, што претставувало одлична симболика за отпочнувањето на нивниот нов живот.

Со цел да заработат некоја паричка, децата биле улични пејачи. Доколку не заработеле ништо, семејството немало што да јаде.

Patot-na-Zoakin-Feniks (5).jpg

Ривер, постариот брак на Хоакин, бил првиот којшто се прославил. Среќата му била особено наклонета на талентираното момче, но не за долго. Започнал да експериментира со дрогата многу рано, додека го снимал филмот Stand By Me. Тој починал трагично на 23-годишна возраст од предозирање пред клубот Viper Room. Неговиот 19-годишен брат Хоакин ѝ заѕвонил на брзата помош, додека сестрата Рејн се обидувала безуспешно да го реанимира.

Patot-na-Zoakin-Feniks (11).jpg

Ривер требало да стане еден од најдобрите актери на неговата генерација. Но, помалиот Хоакин продолжил да се движи по неговите стапки, глумејќи во Gladiator, Walk The line, The Master, HER. Хоакин досега има 3 номинации за Оскар.

„Се обидувам да не мислам на тоа“, одговорил Хоакин на прашањето за смртта на брат му Ривер. Неговото вистинско име било Leaf пред да го смени во Хоакин и тој се појавил во неколку филмови уште како дете - Parenthood (1989) и Anything for Love (1985). Но, потоа престанал со глумата.

Patot-na-Zoakin-Feniks (3).jpg

Ривер бил оној којшто го натерал да го смени мислењето и да продолжи со актерството.

„Кога имав 15 или 16 години, брат ми Ривер си дојде дома од работа и со него носеше VHS копија од филмот Raging Bull. Седнавме и ме натера да го изгледам. Следниот ден ме разбуди и ме натера да го изгледам повторно. И ми рече: Ќе почнел повторно да глумиш, ова е тоа што треба да го правиш. Тој не ме замоли, тој ми нареди. Засекогаш ќе му бидам благодарен за тоа, бидејќи актерството ми го направи животот неверојатен“.

Patot-na-Zoakin-Feniks (7).jpg

Хоакин се пријавил во центар за рехабилитација од алкохолизам во 2005 година. „Бев идиот“, ќе изјави актерот, „трчав наоколу, пиев, се обидував да ги зае*ам луѓето, трошејќи го времето по глупави клубови“.

Актерот конечно е во среќна љубовна врска со Руни Мара, која ја запознал за време на снимањето на филмот HER. Тој признава дека таа е единствената девојка која ја пребарал на интернет. Хоакин мислел дека Мара не го поднесува за време на снимањето на филмот, а подоцна открил дека всушност била срамежлива.

Patot-na-Zoakin-Feniks (2).jpg

Patot-na-Zoakin-Feniks (8).jpg

Хоакин е во центарот на вниманието поради улогата на Џокер во филмот што го режираше Тод Филипс. Актерот изгубил неверојатни 23,5 kg за потребите на улогата Филмот ја освои наградата Златен Лав на интернационалниот филмски фестивал во Венеција во септември и доби одлични рецензии како од критичарите така и од публиката.

Громогласни аплаузи ја наградија импресивната изведба на Феникс, иако многумина сметаат дека филмот неверојатно груб и насилен, а многу од ваквите сцени се непотребни.

Patot-na-Zoakin-Feniks (10).jpg

Сепак, останува фактот дека глумата на Феникс е исклучителна. Филмот е неверојатно ремек-дело. Можеби ќе направи да се чувствувате неудобно, но факт е дека Хоакин Феникс го заслужува својот Оскар. Да се надеваме дека ќе го добие.

Patot-na-Zoakin-Feniks (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на ти... „Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој...
Метју Пери објавувал чудни фотки на Инстаграм – фановите мислат дека си ја предвидел смртта + нови д... Официјалната причина за смртта на Метју Пери сè уште не е откриена, но неговите ...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg