Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Горди сме на разводот“ – како Деми Мур и Брус Вилис ја спасија врската со тоа што се разделија?

Откако се запознале во 1987 година на премиерата на филмот Stakeuot, Деми Мур и Брус Вилис поминале само неколку недели заедно пред да го кажат судбоносното ДА. По само 4 месеци од запознавањето, Деми веќе била бремена со првото дете.

Kako-Demi-Mur-i-Brus-Vilis-ja-spasija-vrskata-01.jpg

13 години и 3 деца подоцна, двојката се разведе во 2000 година. Но, двајцата како ниту една друга двојка пред нив ја совладаа уметноста на заедничкото родителството. Нивните 3 ќерки – Румер, Скаут и Талула беа и останаа на врвот на списокот на приоритети.

Деми и Брус и дефиниција за совршени холивудски родители и останаа најдобри пријатели до денешен ден. Но, колку всушност се блиски?

Брус беше гостин на свадбата на Деми со Ештон Кучер во 2005 година; Деми пак беше дел од церемонијата на обновување на заветите помеѓу Брус и неговата сопруга Ема Хеминг во 2019 година.

Тие постојано ги прославуваат родендените и важните животни настани на своите деца. Пред одредено време, Брус и неговата сопруга ја истакнаа својата поддршка за издавањето на мемоарот на Деми, Inside Out.

Причината за нивниот развод е дека едноставно не биле компатибилни. Проблемите започнале кога требало да е балансира помеѓу приватниот живот и кариерата. „Тој беше горд на мојата работа и успехот, но не бев сигурна дека му одговараше вниманието што го добивав“ изјавува Деми, потврдувајќи дека на Брус повеќе му одговарало таа да паузира со нејзината кариера и да остане дома со децата.

Откако Деми ја добила улогата во хит филмот Ghost, тој не прославил со неа туку едноставно ѝ кажал: „Не знам дали сакам да сум во брак“.

Дел од вината за пропаднатиот брак Брус ја рефлектирал врз медиумите: „Многу е тешко за секоја двојка да го задржи недопрен својот брак дури и во најдобрите околности, а нашиот беше постојано под лупа. Што значи дека можно е за нас да беше малку потешко“.

Иако двајцата славни актери не биле компатибилни како љубовни партнери, тие се совршена двојка кога станува збор за родителството.

„Повеќе сакавме а имаме деца, отколку да бидеме во брак“, признала Мур.

По разводот, двајцата останале цивилизирани, без да се напаѓаат еден со друг. „Мислам дека Брус се плашеше на почетокот дека ќе ја отежнам разделбата, дека ќе ги изразам својот гнев на тој начин што нема да му дозволувам да ги гледа децата, дека ќе ги користам како оружје во бракоразводната парница. Но, не го направив тоа, а ниту тој“.

Како го направиле тоа? На почетокот секако не биле лесно, но двајцата поранешни сопружници успеале да ја трансформираат врската создавајќи средина полна разбирање и поддршка за своите деца.

„Смешно е да се каже, но многу сум горда на нашиот развод. Се чувствуваме многу повеќе поблиски и поврзани отколку пред разводот“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch ... Актерот кој ја глуми 8-годишната верзија на Гринч имал 17 години кога се снимал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg