Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Познати личности кои стекнаа светска слава во 2019-та

Били Ајлиш направи „бум“ на музичката сцена со песната „Bad Guy“, Камила Кабејо добро се „продаде“ пред публиката со хитот „Senorita“, а Хоакин Феникс го достигна врвот на својата слава и филмската кариера - кои личности се прославија во 2019-та?

poznati-licnosti-koi-steknaa-svetska-slava-vo-2019-ta-01.jpg

Секоја година испливуваат нови таленти на светската сцена, а оваа беше „плодна“ и многу неоткриени или занемарени таленти се стекнаа со светска слава.

Били Ајлиш со нејзината песна „Bad guy“, Лизо со „Thruth hurts“, оваа година навистина многу нови артисти и изведувачи си го покажаа својот талент пред светската публика.

Издвојуваме 5 од многуте таленти кои допрва ќе се докажуваат и ќе го живеат својот момент на слава, на светско ниво.

Погледнете кои личности светски се прославија во 2019-та година:

Били Ајлиш                                                                          

Со само 18 години, Били Ајлиш во 2019-та стана светски позната. Со нејзината песна „Bad guy“ таа се искачи на врвот на листата на Billboard. Били е најмладиот изведувач во историјата која била номинирана за најважните 4 Греми награди.

poznati-licnosti-koi-steknaa-svetska-slava-vo-2019-ta+02.jpg

Лизо

Во 2019-та со објавувањето на нејзиниот трет албум таа се искачи меѓу првите пет на Billboard листата, а нејзината песна Truth hurts“ која ја објавила во 2017-та, две години подоцна се искачи на врвот на музичките листи. Лизо истовремено ги прекршува стандардите за убавината и совршеното женско тело.

poznati-licnosti-koi-steknaa-svetska-slava-vo-2019-ta+03.jpg

Камила Кабејо

Откако се одвои од нејзината група Fifth Harmony, изгледа како на оваа малда пејачка само да ѝ се отвораат „вратите“ кон успехот. Со песната „Senorita“ која ја напиша во соработка со Шон Мендес, Камила Кабејо стекна светска слава.

Нивната песна го достигна бројот еден на многу американски и европски музички листи.

poznati-licnosti-koi-steknaa-svetska-slava-vo-2019-ta+04.jpg

Хоакин Феникс

Овој глумец оваа година го достигна врвот на неговата слава со култната улога на Џокер во истоимениот филм. Филмот „Џокер“ се искачи меѓу првите 20 филмови на сите времиња.

Актерот досега е номиниран за три Оскари, а се надеваме дека овојпат ќе понесе еден со него дома, токму за оваа улога.

poznati-licnosti-koi-steknaa-svetska-slava-vo-2019-ta+05.jpg

Тимоти Шаламет

Тимоти е млад американски актер кој допрва го чекаат слава и успех. За првпат се прослави во 2017-та година со филмот „Call me by your name“, а оваа година го доживеа своето деби, затоа што се појави во многу нови филмови.

Кариерата и успехот се неизбежни за овој млад актер кој моментално е во врска со ќерката на Џони Деп.

poznati-licnosti-koi-steknaa-svetska-slava-vo-2019-ta+06.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Нови детали за трагичната смрт на Наја Ривера, која се удави - Син ѝ сакал да ја спаси со јаже, и де... „Џоси, кој тогаш имаше 4 години, постојано повторува дека на бродот имало јаже, ...
Наши и светски познати личности кои во 2025 ќе полнат 60 години – би им дале ли толку? Дарко Панчев, Кирил Џајковски, Сара Џесика Паркер, Чарли Шин, Бен Стилер, Елизаб...
Беше со џуџест раст, почина на 20 години: Краткиот, но исполнет живот на актерот од „How the Grinch ... Актерот кој ја глуми 8-годишната верзија на Гринч имал 17 години кога се снимал ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg