Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Северина со емотивна објава за 54-те дена тага - „Алекса, врати се дома“

48-годишната Северина со Instagram објава реши да ги опише последните 54 денови од нејзиниот живот. Односно, периодот откако судот одлучи нејзиниот син да живее со татко му.

severina-so-emotivna-objava-za-54te-dena-taga-aleksa-vrati-se-doma-01.jpg

Северина објави селфи на кое има широка насмевка, а во описот зборува за тоа како се чувствувала овие 54 денови.

Во меѓувреме се шпекулираше дека нејзиниот поранешен сопруг е заедно на скијање со судијката која ја изрече одлуката за одземање на старателството врз Александар. На тоа, тој само изјави дека случајно се погодиле во ист хотел.

Поминаа 54 дена и поминаа „88 часа“… помина вечност додека тие „скијаат“…
За овој живот многупати доживеав неправда.

Блиските ја продаваа мојата интима за мали пари, а за големи и сами знаете што сè може да се добие…
Сепак, на 28.11.2019, на ова лице имаше најмногу неправда и тага.
Поминаа 54 денови тага…
Но, во тие денови тага, имаше „88 часа“ радост и 54 дена нивен срам. А, мама добро ми рече – „немој Никој и Ништо да те растажи“.
„Никој и Ништо“ тој 28.11 ме излажаа и ми ги наметнаа нивните тага и срам, но не можат да ми ја тргнат насмевката… ни од оваа фотографија, ни моите бројни нефотографирани насмевки.

Бидејќи „Никој и Ништо“ засекогаш ќе останат „Никој и Ништо“.
Понекогаш стануваат „Никој и Нешто“…
Можеби моментално „случајно“ скијаат, но нас не можат да нè поразат.

Не дозволувајте „Никој и Ништо“ да ви ги наметнат нивните тага и срам и да ви ја тргнат насмевката од лице.
Мене никогаш не ми го направиле тоа… ниту сега… ниту некогаш…
Фала Богу!

Воглавно, во здраво тело - здрав хумор.

На крај, пејачката додала и цитат од филмот „Kako je počeo rat na mom otoku“:

„Алекса врати се дома, ти зготвив тестенини.“

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Ен Никол Смит, Елвис Присли: Славни личности кои имале досие во ФБИ (и зошто) Од ФБИ мислеле дека Ен Никол Смит сакала да го убие синот на нејзиниот сопруг ми...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg