Познати парови кои останаа пријатели и после раскинувањето

Одржувањето пријателска врска со бившиот може да биде навистина тежок предизвик.

poznati-parovi-koi-ostanaa-prijateli-i-posle-raskinuvanjeto-01.jpg

Ситуацијата станува уште покомплицирана ако сте позната личност чиј живот постојано е следен од јавноста.

Сепак, иако многу холивудски парови прекинале секаков контакт по раскинувањето, постојат и оние кои успеале да го задржат пријателството.

Погледнете кои познати парови се пријатели и после нивната разделба:

Бред Пит и Џенифер Анистон

Долго време немавме слушнато ништо за Џенифер и Бред, но на овогодишното доделување на SAG наградите покажаа дека се во добри односи.

Тие дури и си честитаа за добиените награди.

poznati-parovi-koi-ostanaa-prijateli-i-posle-raskinuvanjeto-02.jpg

Анџелина Џоли и Били Боб Торнтон

Врската на Анџелина и Били слободно може да се нарече една од најлудите во Холивуд.

Иако беа во брак едвај 3 години, тие ја изјавија нивната љубов на секој можен начин – од носење шишенца со нивната крв, сè до тетовирање на нивните имиња.

И покрај сето лудило, тие успеаја да останат пријатели и после разводот. Всушност, Анџелина напиша и неколку страници од мемоарите на Били.

poznati-parovi-koi-ostanaa-prijateli-i-posle-raskinuvanjeto-03.jpg

Џенифер Лопез и Марк Антони

Од трите бракови на Џенифер, оној со Марк траеше најдолго.

После 10 години заедно и после разводот, Џенифер сè уште го нарекува Марк нејзиниот најдобар пријател.

poznati-parovi-koi-ostanaa-prijateli-i-posle-raskinuvanjeto-04.jpg

Орландо Блум и Миранда Кер

Парот се венчаше во 2010-та, а 3 години подоцна се разделија.

Сепак, неретко заедно се појавуваат во јавност, а ова неколкупати ги разгоре гласините дека можеби се повторно заедно, но сепак се работи само за гласини.

poznati-parovi-koi-ostanaa-prijateli-i-posle-raskinuvanjeto-05.jpg

Хајди Клум и Сил

Иако се разведени, Хајди и Сил се добри пријатели. Одвреме-навреме одат на вечера, а Хајди дури и го покани Сил да биде судија во America’s Got Talent.

poznati-parovi-koi-ostanaa-prijateli-i-posle-raskinuvanjeto-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година „Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Ксрдинал Маден...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg