Камерон Дијаз во тајност доби син на 51 година

„Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Кардинал Маден. Тој е прекрасен. Поради безбедност на децата и приватност, нема да објавувавме никакви фотографии, но, тој е стварно многу сладок“, пишува во заедничката објава на актерката и музичарот.

kameron-dijaz-51-vo-tajnost-dobi-sin-so-soprugot-bendji-maden-01.jpg

Холивудската ѕвезда Камерон Дијаз (51) и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден (45), во тајност вторпат станаа родители. Тие добија син, кој ќе се вика Кардинал.

Веста за раѓањето на бебето ја открија во заедничка објава на Инстаграм.

„Благословени сме и возбудени да објавиме дека се роди нашиот син Кардинал Маден. Тој е прекрасен, а ние сме пресреќни што е тука. Поради безбедност на децата и приватност, нема да објавувавме никакви фотографии, но, тој е стварно многу сладок. Нашето семејство испраќа љубов кон сите вас“, пишува во пораката.

Ова е второ дете на Камерон и Бенџи, кои ја имаат и ќерката Радикс (4).

Парот е познат по тоа што ја крие својата приватност и досега немаат објавено ниедна фотка со својата ќерка, а ретко објавуваат и заеднички фотографии на социјалните мрежи.

kameron-dijaz-51-vo-tajnost-dobi-sin-so-soprugot-bendji-madeni-02.jpg

Поради семејството, Камерон се откажа и од актерската кариера во Холивуд.

Таа скоро 10 години немаше снимено филм, но во 2023-та се „врати од пензија“ за да сними филм со Џејми Фокс. Филмот ќе се прикажува на Netflix, но не се знае датумот на премиерата.

kameron-dijaz-51-vo-tajnost-dobi-sin-so-soprugot-bendji-madeni-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Камерон Дијаз гордо си ги носи брчките: „Подобро да гледам како стареам, отколку да имам лице што не... „Сум пробала ботокс порано. Ми го промени целосно лицето на многу чуден начин и ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Род Стјуарт ја оставил својата најстара ќерка во дом за сираци – во каков однос е со другите седум д... Род Стјуарт има осум деца од пет различни жени. Првото дете го добил на само 17-...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...

Најчитани неделава