Сѐ уште флертуваат и си праќаат пораки - Факти за врската на Бред и Џенифер после разводот

Бред беше на божиќна забава во домот на Џенифер

Парот почна да привлекува многу внимание откако се дозна дека Бред оди на разни настани во домот на Џенифер.

Последниот настан беше божиќната забава на Џенифер, каде што Бред беше помеѓу првите гости.

На овогодишните Golden Globes седеа прилично блиску, за разлика од порано

На 77-мото доделување на Golden Globes, Бред и Џенифер седеа на маси кои беа една до друга. Ова поттикна уште толку прашања за парот.

Кога Бред го прашаа за нивната врска, тој изјави дека се добри пријатели и дека помеѓу нив ќе нема никакви драми.

se-ushte-flertuvaat-i-si-prakjaat-poraki-fakti-za-vrskata-na-bred-i-jennifer-posle-razvodot-06.jpg

Не зборуваат многу често

И покрај тоа што се добри пријатели, изворите тврдат дека Бред и Џенифер не зборуваат толку често.

Познато е дека некогаш се наоѓаат на исти настани, одвреме-навреме си испраќаат по некоја порака, но не се дружат секојдневно.

Децата на Бред ја немаат запознато Џенифер

Се појавија гласини дека Бред и Џенифер ја обновиле врската, а децата на Бред го поддржувале тоа.

Сепак, гласините се очигледно лажни бидејќи децата на Бред не ја ни познаваат Џенифер.

se-ushte-flertuvaat-i-si-prakjaat-poraki-fakti-za-vrskata-na-bred-i-jennifer-posle-razvodot-07.jpg

Медиумите измислија секакви приказни за нивната врска

Покрај гласините дека децата на Бред навиваат за него и Џенифер, се зборуваше и дека парот заедно одбира веренички прстени.

Сите вакви гласини, се разбира, беа лажни.

Бред присуствуваше на забавата на Џенифер за 50-тиот роденден

Покрај празничните прослави, Бред присуствуваше и на роденденската забава на Џенифер.

Според изворите, оттогаш Бред и Џенифер зборувале почесто, а веројатно тоа е причината што подоцна Бред отиде кај Џенифер за Божиќ.

se-ushte-flertuvaat-i-si-prakjaat-poraki-fakti-za-vrskata-na-bred-i-jennifer-posle-razvodot-08.jpg

На Џенифер ѝ се допадна шегата на Бред на Golden Globes

На доделувањето, додека Бред ја примаше неговата награда се пошегува дека не ја земал мајка му на настанот бидејќи според медиумите, секоја жена што седела до него ја „претворале“ во негова девојка.

Кога камерата се сврти кон Џенифер, беше очигледно дека ѝ се допаднала шегата.

reakcijata-na-djenifer-aniston-na-komentarot-za-devojki-na-bred-pit-video-01.jpg

Сè уште флертуваат

Според извори блиски на парот, сè уште постои хемија меѓу Џенифер и Бред, а наводно секогаш кога ќе се видат флертувале.

se-ushte-flertuvaat-i-si-prakjaat-poraki-fakti-za-vrskata-na-bred-i-jennifer-posle-razvodot-09.jpg

И двајцата тврдат дека нема повторно да бидат заедно

Без разлика кои се желбите на фановите, ни Бред ни Џенифер немаат план да ја обноват врската.

Неодамна на Бред му беше поставено прашање за ова, на што тој се насмеа и одговори: „Оф Боже“.

Ова може да се протолкува секако, но веројатно не треба да очекуваме ништо.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...
Не ѝ дозволува да пали светло, ja тера да носи темни бои: Бизарниот однос на Ал Пачино (83) и девојк... „Тој инсистира таа да не пали светло во домот, затоа што не сака себеси да се гл...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg