Трагедија во Будва: Србинка (19) загина за време на парасејлинг – сама го одврзала безбедносниот појас

За време на парасејлинг во Будва, 19-годишна Србинка паднала во водата од висина од 50 метри и загинала, а според вознемирувачко видео што се споделува, самата си го одврзала безбедносниот појас. Не е познато зошто се одлучила да посегне по својот живот или дали било паника од висината, но ваквите трагедии треба да ни бидат потсетник дека никогаш не треба да ги потценуваме проблемите со менталното здравје.

tragedija-vo-budva-srbinka-19-zagina-za-vreme-na-parasejling-sama-go-odvrzala-bezbednosniot-pojas-01.jpg

Вчера (28.05) 19-годишна Србинка загинала во Будва, откако паднала во морето за време на парасејлинг.

Парасејлинг е популарна атракција на бројни туристички места покрај вода во која човек со падобран е прикачен за моторен чамец.

tragedija-vo-budva-srbinka-19-zagina-za-vreme-na-parasejling-sama-go-odvrzala-bezbednosniot-pojas-09.JPG

Србинката, позната како Тијана Р. се наоѓала на висина од околу 50 метри кога се одделила од падобранот и паднала во водата.

Според првичните информации, девојката паднала бидејќи се откачил безбедносниот појас. Но, подоцна почна да се шпекулира дека младата Србинка сама го соблекла елекот и паднала во вода.

На социјалните мрежи се споделуваше и вознемирувачко видео на кое се гледа како девојката неколку секунди се обидува да се одврзе, пред да успее и да падне.

Па, моментално се истражува дали 19-годишната Тијана навистина посегнала по својот живот.

tragedija-vo-budva-srbinka-19-zagina-za-vreme-na-parasejling-sama-go-odvrzala-bezbednosniot-pojas-05.JPG

Сепак, на социјалните мрежи се дебатира и дали можеби испаничила поради височината на којашто се наоѓала, па затоа одлучила да скокне. Но, некои сметаат дека она што се гледа на видеото не е напад на паника.

Штом девојката паднала, со чамец веднаш била пренесена на брегот, но екипите на брза помош само констатирале смрт.

За српскиот магазин Republika се огласи таткото на загинатата девојка со кратка изјава:

„Вистина е, имаше несреќа. Моментално одам натаму. Не можам ништо повеќе да ви кажам, разберете“.

tragedija-vo-budva-srbinka-19-zagina-za-vreme-na-parasejling-sama-go-odvrzala-bezbednosniot-pojas-04.JPG

Редакцијата на српскиот медиум Blic разговарала со некои од познаниците на младата девојка, од кои повеќето истакнуваат дека ништо не навестувало дека Тијана ќе посегне по својот живот.

„Голема трагедија. Доаѓа од среќно семејство. Секогаш беше фина и насмеана. Не можеме да веруваме што се случи“.

Од Blic стапиле во контакт и со агенцијата што ја организирала турата со парасејлинг, но оттаму им кажале дека моментално не можат да откријат повеќе детали.

tragedija-vo-budva-srbinka-19-zagina-za-vreme-na-parasejling-sama-go-odvrzala-bezbednosniot-pojas-06_copy.JPG

Телото на Тијана било донесено на обдукција во Подгорица, а според раководителот на Брза помош во Будва, несреќата се случила околу 11 часот претпладне.

„Во рок од неколку минути, нашите екипи беа на местото, кога со чамец донесоа женско тело без знаци на живот.

Колегите кои беа на смена само констатираа смрт. Потоа телото е испратено на судско медицинска обдукција во Подгорица“.

tragedija-vo-budva-srbinka-19-zagina-za-vreme-na-parasejling-sama-go-odvrzala-bezbednosniot-pojas-3.JPG

Бидејќи истрагата уште е во тек, надлежните засега не споделуваат повеќе информации.

Но, оваа трагедија треба да ни биде потсетник за тоа колку е важно да се зголеми свесноста за проблемите со менталното здравје.

Во ваквите ситуации, неретко луѓето не навестуваат со ништо дека сакаат да посегнат по својот живот. Однадвор можат да изгледаат како сосема среќни личности.

На пример, младата Србинка на Инстаграм си споделувала фотографии од одморот во Будва, а ни нејзините пријатели не биле свесни дека може да посегне по својот живот.

tragedija-vo-budva-srbinka-19-zagina-za-vreme-na-parasejling-sama-go-odvrzala-bezbednosniot-pojas-7.JPG

Кога луѓето страдаат од депресија, не мора да значи дека ќе изгледаат тажно и депресивно пред другите.

Напротив, многумина можат многу добро да ги кријат проблемите со менталното здравје, а да одбиваат да побараат помош поради стигмата која до денес постои околу оваа тема.

Ако самите страдате од проблеми со менталното здравје или сте помислиле да посегнете по својот живот, побарајте помош од експерт, пријатели, членови на семејството...

Доколку се сомневате дека некоја блиска личност се соочува со проблем, пријдете ѝ и понудете ѝ помош и поддршка.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук и Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Ј... Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Десет години е помлада од него, потекнува од Источна Европа: Која е згодната девојка на Махмут Орхан... Махмут Орхан ја потврди врската со моделот Дарија со заедничка Инстаграм објава,...
Милан Калиниќ: „Разводот е тешка работа, но сум против бришење на целиот живот - зошто да ги бришам ... „Отсекогаш сум имал негативен став кон луѓето кои, кога ќе прекинат нешто, го бр...
„Една година сум постар од татко ѝ, а 3 од мајка ѝ“: Српски актер за љубовта со 23 години помладата ... „Се испостави дека поголем проблем е што тој не јаде свинско месо и што е муслим...

Најчитани неделава