Карлеуша купи стан од 1 милион евра во Дубаи – ќе има батлер, приватна градина и луксуз што одзема здив (фото)
- Детали
- четврток, 29 мај 2025
Становите ќе бидат дизајнирани од модната куќа Кавали, ќе има батлер и собна послуга 24/7 како во хотел, има приватни базени и градина, а луксузот е насекаде – Јелена Карлеуша купи стан во Дубаи, каде квадратот чини 7.000 евра и си ја исполни желбата да има свој дом во омилениот град.
Јелена Карлеуша често патува во Дубаи, заради професионални ангажмани и настапи, но и приватно, со децата.
Таа има признаено дека го обожава градот и дека посакува еден ден да се пресели таму.
„Го обожавам Дубаи. Мислам дека целосно соодветствува на мојата енергија и најверојатно таму ќе живеам некогаш во иднина и ќе купам некој недвижен имот. Тоа е речиси сигурно. Сакам плажа, го сакам градот и енергијата, климата...
Кога сум во Дубаи, не одам никаде, туку сум на релација плажа-шопинг мол-хотел и секогаш одам со децата“ – изјави таа во една прилика за српските медиуми.
Кликнете на видеото:
Па очигледно, на последниот престој во Дубаи, српската дива си ја оствари желбата, со оглед на тоа што откако посетила неколку локации, одбрала стан кој најмногу ѝ одговара на потребите.
Српските медиуми пишуваат дека пејачката купила двособен стан во Кавали кулата, која моментално е во изградба во близина на Дубаи марината.
Модната куќа Кавали е задолжена за целосното дизајнирање и опремување на кулата, а основачот Роберто Кавали е омилениот дизајнер на Јелена уште од почетокот на нејзината кариера.
Кавали кулата ќе биде симбол за луксуз во градот, а ќе има 70 катови со вкупно 464 станови, поделени во три категории – 314 луксузни станови на подолните катови, 75 премиум апартмани, како и 75 просторни и супер луксузни станови со базен и тераса со поглед на море.
Сопствениците на становите ќе можат да уживаат во луксуз уште при самиот влез во лобито, кое е уредено како во најелитните хотели, а ќе имаат и 24-часовно обезбедување, како и пристап до базен, спа центар, огромна тераса со приватна градина и џакузи, како и батлер и собна послуга.
Погледнете фотки од проектот на Кавали кулата:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





