Џеј Ло и Шакира најавуваат спектакл за SuperBowl (фото)

Во недела, Џенифер Лопез и Шакира ќе ја преземат сцената за време на полувремето на Super Bowl 2020.

j-lo-gi-pokazha-fudbalskite-veshtini-i-stomachnite-na-pres-konferencija-za-super-bowl-01.jpg

А, судејќи според нивното појавување во Мајами во четвртокот, и двете изгледаат подготвенo.

50-годишната Џенифер го покажа и нејзиниот спортски дух, откако го прифати предизвикот да фрли топка.

Како што се качија на сцената, на пејачките им беше дадена топка. Џенифер одлично ја фрли нејзината топка, но Шакира се двоумеше пред да го направи истото.

Џеј Ло изгледаше беспрекорно на настанот и направила одлична „спортско-елегантна“ комбинација. Нејзините стомачни, пак, беа во прв план.

Шакира одбрала поедноставна комбинација – бела маичка со Guns 'N' Roses натпис и темни фармерки.

После малку шегување, ѕвездите седнаа и одговорија на неколку прашања за натпреварот.

Џеј Ло изјави дека овогодишниот натпревар е посебен, бидејќи двата тима што се натпреваруваат ги водат жени.

За жал, не ни открија никакви детали за перформансот, но Џеј Ло изјави:

„Има многу енергија, забавен е. Навистина е во стилот на Џеј Ло и Шакира.“

Потоа додаде дека сакала сите да бидат изненадени.

Џеј Ло и Шакира на прес-конференцијата:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан... Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Им се родило мртво дете, па загинала во сообраќајка: Трагичната љубов на Кијану Ривс и Џенифер Сим Кијану Ривс и Џенифер Сим почнале врска во 1998-ма. Околу една година подоцна, т...
Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...

Најчитани неделава